• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Мајчинска љубов која спасува живот: Гордана од Охрид му донираше бубрег на својот син

28 октомври 2026, 08:41
  • cподели

Родителската љубов не познава граници, а кога здравјето на детето е во прашање, мајката е подготвена да направи сè за да му подари подобра иднина.

Гордана Лолеска од Охрид е мајката која му донираше бубрег на својот син Давид, кој се соочува со ретката наследна болест Алпортов синдром. Со оваа благородна одлука, таа му даде можност за нов живот и уште една шанса за иднина исполнета со надеж.

Трансплантацијата беше успешно реализирана на Универзитетската клиника за урологија, а информација за истата сподели и министерот за здравство Сашо Клековски. Операцијата е дел од трите трансплантации на бубрег кои неодамна беа изведени во земјава, од кои една беше со жив дарител – мајка која му подари орган на своето дете.

За Гордана, оваа борба е многу повеќе од медицински предизвик. Таа е мајка на три деца, Ема, Андреј и Давид, а со години живее со неизвесноста која ја носи ретката болест на нејзиниот син. Кога се појави можноста да биде донор, нејзината подготвеност да му помогне на Давид стана уште еден доказ за силата на мајчинската љубов.

🫂 Јас сум компатибилен донор за мојот Давид и во овој момент подготвени го чекаме тој еден, најважен повик. 📞⏳

Знаевме дека овој ден ќе дојде и знаевме со каква борба треба да се соочиме. 💪 Но, во ниту еден момент не сме сами. Ема и Андреј, како и целото мое семејство, се мојот најголем столб 🏰, а неизмерната поддршка од нашите роднини и пријатели ни дава огромна сила. 🙏 Цврсто се држиме рака за рака, сплотени, исполнети со верба и со позитивна мисла. 🤝✨

Од оваа наша лична приказна и борба, сакаме да упатиме искрен и важен апел до сите вас: 📢

„Ги повикувам сите граѓани да го посетат својот матичен лекар и од 1 октомври да потпишат согласност за органодарителство. 📝🩺 Органодарителството е највисокиот чин на хуманост – одлука која спасува животи и носи светлина во најтешките моменти.“ 🕊️💡

Да ја подигнеме свеста, да бидеме поддршка едни за други и да разбереме дека со овој чекор подаруваме живот! ❤️🎁🌱 - стои во една од нејзините објави.

Гордана, која и самата е носител на генетска варијанта поврзана со оваа ретка наследна болест, е претседателка на здружението „Ретко е да си редок“. Лолеска активно работи на подигање на свеста за ретките болести, нивно навремено препознавање и обезбедување подобра здравствена и институционална поддршка за пациентите и нивните семејства. 

Алпортовиот синдром е ретка наследна болест која првенствено ги зафаќа бубрезите, а може да предизвика и нарушувања на слухот и видот. Кај дел од пациентите, болеста доведува до постепено влошување на бубрежната функција, поради што трансплантацијата може да биде од особено значење за нивниот понатамошен живот.

Со последните три трансплантации, во Македонија годинава се изведени вкупно 15 трансплантации на бубрег.

До крајот на годината се планирани уште три трансплантации од жив дарител.

Клековски упати благодарност и до медицинските тимови – хирурзите, анестезиолозите, нефролозите и медицинските сестри кои учествувале во операциите, како и до сите кои ја координирале постапката за дарување органи.

„Дарувањето органи спасува животи. Еден починат дарител може да им помогне на повеќе пациенти. Многу наши сограѓани сè уште чекаат на листата за трансплантација“ – порача министерот.

Tags
трансплантација на бубрег

Најнови

  • Клиника „Жан Митрев“ со значајна улога во европското сестринство: Жанета Богоевска Митева претседаваше со европскиот состанок во Краков

    Wed, 10/28/2026 - 12:29
  • 70-годишната Крис Џенер во наметка на Елизабет Тејлор – приказната зад уникатната креација

    Wed, 10/28/2026 - 12:10
  • Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски

    Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски - македонски шмек во плакарите на светските ѕвезди

    Wed, 10/28/2026 - 11:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.