• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Маја Глигоровска дефилираше на ревија во Милано: „Аплаузот и реакцијата тешко се опишуваат со зборови“

28 септември 2026, 10:00
  • cподели

Маја Глигоровска доби нова можност да дефилира на ревија надвор од границите на нашата држава.

44-годишната манекенка беше дел од ревијата на дизајнерката Викторија Џимревска во рамките на Миланската недела на модата.

На шоуто, кое се одржа во прекрасниот аквариум Civico di Milano, Глигоровска имаше чест да ја отвори и да ја затвори модната приказна.

Со презентирање на две креации, Маја се збогати со уште едно незаборавно искуство од светската модна сцена. 

За Фемина, таа ги сподели своите импресии:

„Милано за мене секогаш има посебна магија, особено кога станува збор за модата, а ова искуство навистина ќе го паметам. Да бидам дел од ревијата на Викторија Џимревска во прекрасниот Acquario Civico di Milano беше големо задоволство, а фактот што ми беше доверено да ја отворам и да ја затворам ревијата го направи целиот момент уште позначаен за мене.

Имав две појавувања и две целосно различни креации, па можев на пистата да покажам различна енергија и карактер. Најубаво од сè беше чувството кога излегов пред публиката. Аплаузот и реакцијата што ги добив беа нешто што навистина се чувствува и тешко се опишува со зборови.

Секогаш постои оној адреналин неколку секунди пред да излезеш — музиката започнува, светлата се палат и знаеш дека моментот е твој. Тогаш забораваш на сè околу себе и само уживаш во пистата.

Среќна сум што од Милано носам уште едно прекрасно искуство, многу убави впечатоци и момент кој сигурно долго ќе остане во моето сеќавање“ - изјави Маја.

Маја беше гостинка на ревијата на Philipp Plein и беше пресреќна што ја имаше можноста да проследи уште едно негово шоу.

„По две години, повторно се најдов во модниот свет на Philipp Plein. Откако претходно присуствував како гостинка на неговата ревија во Кан, овојпат повторно бев меѓу гостите на спектакуларното шоу во Милано, во друштво на Стефан и дизајнерката Викторија.

Средбата со познатиот дизајнер беше убаво продолжение на приказната започната на француската ривиера, а овојпат беше нешто навистински голем спектакуларен настан“ - ни сподели таа.

Маја на Instagram објави и други фотографии од престојот во Милано.

Tags
Маја Глигоровска

Најнови

  • Маја Глигоровска дефилираше на ревија во Милано: „Аплаузот и реакцијата тешко се опишуваат со зборови“

    Mon, 09/28/2026 - 10:00
  • Бодибилдерката Мери Акиевска направи свадба со саканиот, ќеркичката преслатка како мини невеста

    Mon, 09/28/2026 - 09:43
  • Мина Блажев во кратко бело фустанче на прославата за веридбата, го покажа и прстенот

    Mon, 09/28/2026 - 08:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.