• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Витамини и минерали

Магнезиумот - извонреден минерал

30 октомври 2009, 22:03
  • cподели

Магнезиумот заедно со калиумот, калциумот и натриумот се основните елементи неопходни за правилно функционирање на организмот на човекот. Вашето тело не го произведува овој важен минерал. Поради тоа, потребно е секојдневно да консумирате храна, богата со магнезиум.

Јаткасти плодовиПовеќето јаткасти плодови содржат магнезиум.

Зошто ни е потребен магнезиум?

Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони и мозокот. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира.

Денес научниците веруваат дека магнезиумот помага во превенцијата и лекувањето на многу болести како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија, ХИВ/Сида, мултиплекс склероза, ПМС и лупус.

Симптоми при недостиг на магнезиум

Магнезиумот учествува во различни реакции и функции на организмот. Две третини или 60% од магнезиумот во телото се наоѓа во коските, 35% во срцевиот мускул и скелетните мускули, а остатокот во бубрезите, црниот дроб и мозокот. Поради тоа, симптомите при недостиг на магнезиум се најразлични. Најчести симптоми се:

Банана
Бананите можат да ви помогнат да го надоместите недостатокот на магнезиум.
  • Слабост или грчеви во мускулите;
  • Аритмија или забрзано отчукување на срцето;
  • Главоболка;
  • Висок крвен притисок;
  • Покачување на телесната тежина;
  • Депресија;
  • Мачнина;
  • Недостаток на апетит.

Недостатокот на магнезиум може да се утврди преку анализа на крвта. Неконтролираното консумирање на магнезиум под формата на апчиња или како додаток во исхраната може да доведе до предозирање. При предозирање со магнезиум симптомите се: дијареја, малаксаност и поспаност. За да ги избегнете тие непријатности, не употребувајте магнезиум надвор од вашата исхрана, освен ако тоа не ви е препишано од доктор.

Препорачани дневни потреби

Препорачаните дневни потреби за магнезиум се:

  • Новородени (0-6 месеци) – 30mg
  • Новородени (7-12 месеци) – 75mg
  • Деца (1-3 години) – 80mg
  • Деца (4-8 години) – 130mg
  • Тинејџери (14-18 години) – 360 до 410mg
  • Мажи (19-30 години) – 400mg
  • Мажи (31 година и нагоре) – 420mg
  • Жени (19-30 години) – 310mg
  • Жени (31 година и нагоре) – 320mg
  • Бремени жени (19 години и нагоре) – 350 до 360mg
  • Доилки (19 години и нагоре) – 310 до 320mg

Храна богата со магнезиум

Повеќето растенија и јаткасти плодови содржат магнезиум. Консумирањето на сончоглед, соја, ореви, семки од тиква, грав, леќа или интегрален леб, зелена салата, морска риба, банани и чоколадо го покачува нивото на магнезиум во организмот.

Денес сите ние водиме стресен живот, а магнезиумот го подобрува расположението и помага при стрес. За да бидете поспокојни и поздрави не прескокнувајте ја споменатата храна, богата со овој незаменлив минерал.

Tags
минерал
магнезиум

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.