• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Мадона со фотографија потврди дека посвои сестри близначки од Африка

8 февруари 2017, 20:42
  • cподели

Гласините дека Мадона посвојува две девојчиња од Малави, Јужна Африка, се вистина. 58-годишната пејачка ја потврди веста со фотографија на Instagram.

Во описот на фотографијата, на која ги држи 4-годишните девојчиња за рака, таа напиша: „Официјално можам да потврдам дека го завршив процесот за посвојување на сестри близначки од Малави и пресреќна сум што тие се сега дел од нашето семејство. Длабоко им сум благодарна на сите оние во Малави кои помогнаа ова да се оствари и ги замолувам медиумите да ја почитуваат нашата приватност за време на овој преоден период. Им благодарам исто така и на моите пријатели, семејството и мојот многу голем тим за сета љубов и поддршка“.

A photo posted by Madonna (@madonna) on Feb 8, 2017 at 10:24am PST

Минатата година, Мадона и нејзината ќерка Лурдес посетија сиропиталиште во Африка каде се сретнаа со близначките Стела и Естер. Тогаш, таа сподели фотографија од Лурдес со двете девојчиња.

Лурдс со близначките

Според странските медиуми, мајката на девојчињата починала за време на породувањето, па тие живееле во сиропиталиште уште од нивното раѓање.

Славната музичарка ги посвоила близначките од истото сиропиталиште во Малави, од каде ги посвои 11-годишните Дејвид и Мерси. Процесот за посвојување на Стела и Естер започнал пред две години.

Покрај четирите посвоени, Мадона има и две биолошки деца. 20-годишната Лурдес Марија Леон е плод на нејзината љубов со Карлос Леон, а со својот поранешен сопруг Гај Ричи има 16-годишен син, Роко Ричи.

МадонаМадона со синот Роко МадонаМадона со четирите деца МадонаМадона со претходно посвоените деца Дејвид и Мерси
Tags
Мадона

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.