• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Љубов на прв поглед: Rosal Lip Balm за неодоливи и атрактивни усни

23 февруари 2017, 13:00
  • cподели

Модерните дами молскавично се вљубуваат во балсамите за усни на Rosal. Нудејќи совршена нега за деликатната кожа на усните и перфектни нијанси за привлечен изглед, балсамите на Rosal неодложно стануваат задолжителен дел од женските чантички.

Rosal

Пигментираните балсами го подаруваат оној посакуван ефект на обоеност како со кармин, додека истовремено ги штитат и негуваат усните.

Четири нијанси ги хипнотизираат погледите на урбаните припаднички на понежниот пол кои се желни за софистицирана колоритност на усните:

Rosal
  • Morning Rose – за свежина и акцент на природната убавина.
  • Coral Candy – за живост и ведрина на лицето.
  • Violet Touch – за гламурозен и интригирачки изглед.
  • Flash Nude – за бисерен финиш кој фасцинира.

Зошто Rosal Lip Balm се перфектни за привлечни усни?

Благодарение на природните состојки како витамин А и Е и маслата од семки од кајсија и грозје, кои ги регенерираат оштетените клетки и ја подобруваат еластичноста на кожата, но и популарниот шиа путер, кој ја задржува природната влажност, ќе заборавите еднаш засекогаш на сувите и испукани усни. Особено позитивна страна е што не содржат парабени, конзерванси и минерални масла.

Сите производи Rosal Lip Balm нудат UVA и UVB заштита, се дерматолошки проверени и НЕ се тестирани на животни.

Rosal

И секако, најинтересното е што покрај примарната функција за нега и заштита на усните, балсамите имаат и декоративен елемент – долготрајна и постојана боја.

Шармантните ароми и уникатната формула несомнено ќе резултираат со свиленкасто мазни и меки усни кои зрачат со магнетска привлечност.

Tags
Rosal

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.