Лина Пејовска не се плаши да експериментира со својот изглед.
Младата македонска пејачка стана русокоса и со нов имиџ го прослави својот 24-ти роденден.
Лина дувна свеќички на црна торта на која стоеше натписот „24 K Gold“, што означува „24-каратно злато“.
За специјалниот ден, Пејовска избра кратко црно фустанче со корсет. Својот стајлинг, таа го надополни со драматична шминка и впечатлив накит.
Дали станува за перманентна промена или само за перика, допрва ќе видиме, но досега Лина беше позната како бринета: