• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Лила Филиповска му се заблагодари на фризерот Зоки Давитков кој ѝ ја средуваше косата додека се бореше со рак на дојка

11 декември 2025, 09:18
  • cподели

Лила Филиповска му е неизмерно благодарна на фризерот Зоки Давитков.

Македонската водителка, која во 2022 година се оперираше поради рак на дојка, сега јавно му се заблагодари на Зоки за целата поддршка која му ја даваше во најтешкиот период додека се бореше со болеста.

Филиповска сексапилно позираше покрај талентираниот фризер и сподели фотографии на Instagram. Во описот, таа напиша:

Тебе ти дозволив да ја скратиш мојата коса кога немавме друг избор. Не дозволи да правиме драма од тоа туку смислуваше фризури и правеше сѐ да ми биде полесно. И ми беше! Покажа грижа, поддршка и разбирање во секој поглед ❤️

Ова е приказна за доверба, благодарност и пријателство што ќе трае… фала ти драг мој Зоки Давитков.

Лила доби огромна поддршка и лавина од позитивни коментари кога пред повеќе од две години објави дека поминала низ тешка битка со опаката болест која траела повеќе од една година.

„Не заборавајте канцерот НЕ Е НЕПОБЕДЛИВ!!! Јас сум доказ!“- напиша тогаш таа.

На нејзина фотографија од болницата, направена непосредно пред операцијата, стои:

Кој би рекол дека животот ќе ми се дели на „пред“ и „после“ оваа слика! Слика направена половина час пред мојата петчасовна операција на канцер на дојка . Сосема спонтано направена од мојата другарка, a сега сосема случајно пронајдена во мојот албум со слики. 

И да… оваа насмевка е искрена и многу зборува . Зборува за тоа дека воопшто не се плашев и не траоризирав. Зборува за тоа дека едвај чекав да се случи и да го продолжам патот на излекување! Добро прочитавте: Не, патот на лекување туку на излекување. Зборува за мојата решеност да го издржам и ова патешествие не баре сум тргнала да снимам уште една од моите емисии! А денот студен, зимски ама сончев. Го сфатив тоа како добар знак. И беше !!! 

Без разлика на тоа што ноќта по операцијата бев во вистинска агонија, без разлика што проклетникит пуштил пипци и по лимфните јазли под пазувите, и што имав закачено три дрена. Кога хирург како д-р Фатих Ајдован ќе ти каже дека ќе биде се во ред, едноставно знаеш дека треба да му веруваш. Имам уште многу да пишувам ама не се одеднаш. А пишувам само заради Вас кои ја биете истата битка.

Првиот чекор до победата е верувањето дека ќе победите! Без него нема да стигнете до вториот. Никој не вика дека ќе биде лесно ама не заборавајте: светот ги памти само ПОБЕДНИЦИТЕ!!!

ФОТО: Instagram / Lila

Tags
Лила Филиповска

Најнови

  • Jumbo во Vero

    ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

    Thu, 12/11/2025 - 16:14
  • Меланија Трамп со Дедо Мраз го шири празничниот дух кај дечиња во воена база

    Thu, 12/11/2025 - 14:25
  • dm ваучери

    ПОДАРЕТЕ ВАУЧЕР ОД DM! Заедно создаваме единствени моменти!

    Thu, 12/11/2025 - 13:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.