• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Зоки Давитков им ја враќа самодовербата на девојки чија коса изгоре во пожарот во Кочани: „Вистинската трансформација е во нивните очи и насмевка“

7 ноември 2025, 12:20
  • cподели

По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која остави длабоки лузни, не само на телата, туку и во душите на млади лица, надежта и самодовербата повторно оживуваат во рацете на Зоки Давитков.

Со голема човечност и емпатија, талентираниот фризер и стилист ја претвора својата професија во мисија. Прво донираше перики за девојките кои ја изгубија косата во пожарот, а сега им подарува вистински трансформации со надградби на нивната природна коса.

Во интервју за Фемина, тој открива како изгледа процесот зад сцената, но и што значи моментот кога ќе ја види првата нивна насмевка пред огледало. Во продолжение е позитивна приказна не за убавина, туку за добрина и повторно пронаоѓање на себеси.

Приказната за Зоки Давитков

Како започна сè, што ве поттикна да им помогнете токму на девојките кои ја изгубиле косата во пожарот во Кочани?

Кога ги видов девојките кои ја изгубиле косата во пожарот, не можев да останам рамнодушен
Зоки

- Сè започна спонтано, од еден момент на човечност и сочувство. Кога ги видов девојките кои ја изгубиле косата во пожарот, не можев да останам рамнодушен. Косата за нив не е само изглед – таа е дел од нивниот идентитет, самодоверба и женственост. Сакав да им вратам дел од тоа чувство, да ги видам повторно насмеани и горди пред огледалото. Тоа беше мој личен повик – да направам нешто убаво и вистинско.

Кога ги видовите нивните реакции во огледало по првата трансформација, што чувствувате вие?

- Тоа е момент кој не се опишува со зборови. Кога ќе ја видам првата насмевка, првите солзи-радосници, кога девојчето повторно се гледа себе си во огледало – тоа е најголемата награда. Се чувствувам исполнето, благодарно и гордо што преку мојата професија можам да направам некого среќен.

Приказната за Зоки Давитков

Дали постои некоја приказна што особено ве допрела и ќе ја паметите засекогаш?

- Да, има многу, но едно девојче особено ми остана во срце. Таа беше една од првите што добија перика по пожарот. По седум месеци повторно дојде – нејзината природна коса беше порасната и успеавме да ѝ направиме вистинска надградба. Тој момент, кога таа се прегрна со мене и рече „Сега повторно сум јас“, никогаш нема да го заборавам.

Приказната за Зоки Давитков
View this post on Instagram

A post shared by Luxury Hair Extensions (@luxury_hair_extensions_pro)

Колку е предизвикувачки од фризерски аспект да се работи со оштетена или изгорена коса?

- Многу е предизвикувачки, затоа што секој случај е различен. Треба внимателно да се процени состојбата на косата и скалпот, да се избере вистинската техника и материјали. Потребни се трпение, емпатија и големо искуство. Но, кога ќе го видиш резултатот, сè тоа вреди.

Колку време е потребно за една таква трансформација, од првиот разговор до финалниот изглед?

Вистинската трансформација е во нивните очи и насмевка
Зоки

- Обично процесот трае неколку дена до една недела. Прво се прави консултација, анализа на косата и избор на соодветен тип на надградба. Потоа се подготвува косата, се врши третман ако е потребно, и на крај се поставува надградбата и се прави финалната фризура. Но, вистинската трансформација не е само физичка – таа се случува во нивните очи и насмевка.

Приказната за Зоки Давитков Приказната за Зоки Давитков
View this post on Instagram

A post shared by Luxury Hair Extensions (@luxury_hair_extensions_pro)

Вашата иницијатива предизвика одлични реакции кај јавноста, дури велите дека и инспирираше клиентка да донира надградба на коса на уште едно девојче. Колку сте горд и што порачувате?

Кога од едно добро дело се раѓа ново добро дело, знаеш дека си направил нешто вистинско
Зоки

- Кога од едно добро дело се раѓа ново добро дело, тогаш знаеш дека си направил нешто вистинско. Сакам оваа иницијатива да ја поттикне свеста кај луѓето дека секој од нас може да направи добро дело, без разлика дали е мало или големо.

Да се поддржуваме, да се охрабруваме и да правиме убавини едни за други – тоа е суштината на животот.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.