„Лихнида", „Бисер балкански": Улични музичари и случајни минувачи пееја заедно сред Охрид
Необична собиранка се случи синоќа во Охридската чаршија.
Неколку улични артисти свиреја познати македонски народни песни, а случајните минувачи им се придружија во изведбата.
Радосните минувачи играа и ора додека во еден глас ечеа „Лихнида кајче веслаше“, „Бисер балкански“, „Момче охриѓанче“, „Јовано, Јованке“, „Туѓа си бескрајно“... Имаше дури и момент кога невеста фрлаше бидермаер во толпата.
„Ви благодариме синоќа на сите! Навистина беше ноќ за паметење!“ - сподели на својот Instagram профил Стефан Аризанов, еден од музичарите.
Вистински момент на сплотеност и убава енергија и негување на македонската традиција ... големо браво за сите!