Тони Зен и неговата сопруга Валентина го користат почетокот на летото за заслужен одмор.
Годинешната летна сезона за нив е исполнета со повеќе радост (и обврски), затоа што за првпат летуваат како четиричлено семејство.
Нивното прво големо патување е на прекрасниот Пелопонез, кој нуди совршен спој на природна убавина, чисти плажи и мирна атмосфера.
На фотографиите, Тони ужива со синчето Јасен и ќеркичката Дена, која се роди во декември минатата година.