Лејла Филиповиќ наполни 50 години во мини фустанче, Тарик со романтична порака: „Никој никогаш нема да те сака како јас…“
Лејла Филиповиќ со стил зачекори во шестата деценија од животот.
Поранешна Мис на Хрватска вчера го прослави 50-тиот роденден покрај семејството и најблиските пријатели, а нејзиниот сопруг Тарик Филиповиќ ѝ упати емотивна честитка која привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Својот јубилеен роденден, Лејла го славеше во ресторан облечена во светкаво мини фустанче. Таа позираше со Тарик покрај тортата со малини, а заедно одиграа и танго додека Петар Грашо ѝ ја пееше „Ако те питају“.
Популарниот водител претходно сподели фотографија од својата сакана и ѝ се заблагодари што го исполнува неговиот живот.
🌹❤️ ЛЕЈЛА 50 ❤️🌹
Да се пишуваат стихови кога, велат, најдобрите веќе се напишани…
Да се пишува за љубовта која е тешко да се опише…
Не… денес само… прегратка, долга… поглед… мојата душа сака да проговори… а знам што би ти кажала…БЛАГОДАРАМ што го разубавуваш овој свет со својата душа… со својот поглед… со насмевката… достоинството… убавината…
И се надевам дека истиот тој свет е благодарен што го правиш почудесен веќе половина век… а јас сум пресреќен што сум голем дел од твојот живот…
Среќен роденден, љубов моја… само здрава и насмеана биди… останатото веќе го живееме…
Сепак, еден стих…
Напишан…
Отпеан…
„Никој никогаш нема да те сака како јас…“ЛЕЈЛА 🤍
Тарик и Лејла се венчаа во 2007 година, а само два месеци подоцна го добија синот Арман. Лејла од првиот брак со Дадо Мајоли го има синот Дино, кого Тарик го прифати како свое дете.