• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Лејди Гага неочекувано се појави на сцената, доби критики од Трамп... Настапот на Бед Бани на Супер Боул 2026

9 февруари 2026, 09:25
  • cподели

Бед Бани приреди вистински спектакл на полувремето на Супер Боул 2026.

31-годишниот порторикански пејач ја разигра многубројната публика, а речиси целата негова изведба беше на шпански јазик.

Покрај него, на сцена се појавија и Лејди Гага, која ја отпеа „Die With a Smile“ во поразлична варијанта во салса-стил, како и Рики Мартин, кој настапи со „Lo Que Le Pasó a Hawaii“. На сцената внимание привлека и други познати личности како Педро Паскал, Карди Би и Џесика Алба.

Бед Бани го започна настапот со „Tití Me Preguntó“, а продолжи со „Yo Perreo Sola“, „Safaera“, „Party“, „Voy a Llevarte Pa’ PR“, „EoO“ и „Monaco“. 

@iamchrisrodgers FULL BAD BUNNY SUPER BOWL PERFORMANCE!!!! #SuperBowl #badbunny #halftimeshow #halftimeshow2026 ♬ original sound - Chris

За жал, настапот на Бед Бани не му се допадна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го нарече „едно од најлошите шоуа досега“ и напиша дека тоа не го одразува „величието на Америка“.

„Шоуто на полувремето на Супер Боул е апсолутно ужасно, едно од најлошите, НЕКОГАШ! Нема никаква смисла, претставува навреда за величието на Америка и воопшто не ги одразува нашите стандарди за успех, креативност и извонредност. Никој не разбира ни збор кој го изговара овој човек, а танцувањето е одвратно, особено за малите деца кои гледаат низ САД, како и ширум светот. Ова „шоу“ е вистинска „шлаканица во лице“ за нашата држава...“ – напиша тој.

Tags
Бед Бани
Лејди Гага
Доналд Трамп
Супер Боул 2026
Супер Боул

Најнови

  • Eucerin

    Што навистина помага против акни? Што препорачуваат дерматолозите?

    Mon, 02/09/2026 - 11:49
  • Детали за киднапирањето на Даниел Кајмакоски во Белград: Му се заканувале со пиштол и нож, го пронашле врзан, се огласи и мајка му

    Mon, 02/09/2026 - 11:10
  • Ретко појавување на свеченост: Меган Маркл во гламурозно издание шармираше на гала во Лос Анџелес

    Mon, 02/09/2026 - 10:28
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.