• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Легендарниот Хозе Карерас ќе пее со Каролина, Калиопи, Влатко Стефановски... на голем концерт за независноста на Македонија

27 мај 2026, 14:24
  • cподели

Хозе Карерас повторно ќе ја посети нашата земја за да биде дел од одбележувањето на 35 години независност на Македонија.

Големиот концерт ќе се одржи во Скопје, на плоштадот Македонија, и ќе биде бесплатен за посетителите.

Настанот е насловен „Хосе Карерас и македонскиот ол-старс“, а покрај славниот тенор, на сцената ќе настапат и Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Игор Дурловски и Ана Дурловски. Целиот концерт ќе биде придружуван од оркестарот на Филхармонијата.

Организаторот Бобан Милошески од „Авалон продукција“ изјави дека идејата била да се создаде настан кој ќе го спои светското и македонското музичко творештво на највисоко ниво.

„Сфативме дека е ова идеален проект за концептот каков што е замислен... Сакавме да споиме нешто што е светско на високо културно ниво заедно со нашето македонско, кое притоа ќе покаже дека во ниту еден сегмент не е ниту помалку светско, ниту помалку квалитетно“ – рече Милошески.

Тој откри дека концертот ќе започне со настапи на македонските изведувачи, по што на сцената ќе се појави Карерас, а публиката може да очекува и бројни изненадувања.

Аранжманите за концертот ги подготви Николче Мицевски, додека диригент ќе биде Давид Хименес Карерас од Шпанија.

Каролина изјави дека со огромно задоволство ќе биде дел од прославата и дека присуството на Карерас му дава посебна тежина на настанот.

„Сега ми е посебно драго што ќе ни се придружи еден музички великан од светската сцена“ – рече таа.

И Калиопи го нарече концертот „празник и нов почеток“, додавајќи дека најголемата ѕвезда таа вечер ќе биде Македонија.

79-годишниот музичар е еден од најголемите тенори на сите времиња. Роден е во Барселона и светска слава стекна со изведбите во оперите на Доницети, Верди и Пучини.

Карерас првпат настапи во Македонија во 2005 година на Охридско лето, а покрај музичката кариера е познат и по својата хуманитарна работа преку фондацијата за борба против леукемија, која ја основал по сопственото закрепнување од болеста во 1988 година.

Tags
Хозе Карерас
35 години независност

Најнови

  • „Поубаво нешто немам видено“: Топол поздрав на полуматуранти и првачиња во училиште во Скопје

    Wed, 05/27/2026 - 15:36
  • Сандра Матеска и Денис Блат

    Од скромен живот со самохрана мајка, до светски успех и живот во Дубаи: Приказната зад успехот на Сандра Матеска

    Wed, 05/27/2026 - 15:00
  • Легендарниот Хозе Карерас ќе пее со Каролина, Калиопи, Влатко Стефановски... на голем концерт за независноста на Македонија

    Wed, 05/27/2026 - 14:24
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.