• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Легенда: Силвестер Сталоне слави 80-ти роденден, сопругата Џенифер со емотивна објава и стари фотографии

7 јули 2026, 11:30
  • cподели

Холивудската легенда и еден од најголемите акциони херои на сите времиња, Силвестер Сталоне, го прослави 80-тиот роденден. Покрај милионите честитки од обожавателите ширум светот, најемотивната порака беше од неговата сопруга, Џенифер Флавин.

Со низа стари фотографии кои будат носталгија и сведочат за нивната децениска љубов, Џенифер му го честиташе јубилејот на својот сакан.

„Среќен 80-ти роденден, љубов моја!❤️🎂 Од денот кога те запознав во 1988 година, ти отсекогаш си љубовта на мојот живот. Ти благодарам што ми го подари најубавото семејство и дом. Едвај чекам да те славам засекогаш! Те сакам!❤️“ - напиша таа во описот на објавата.

Љубовната приказна на Силвестер и Џенифер започна во далечната 1988 година, кога се запознаа во ресторан во Беверли Хилс. Иако нивната врска низ годините помина низ неколку подеми и падови, тие успеаја да ги надминат сите предизвици. Круна на нивната љубов се трите ќерки, Софија, Систин и Скарлет, на кои денес се неизмерно горди.

Tags
Силвестер Сталоне
Џенифер Флавин

Најнови

  • Мала хероина: Нара Смит сподели трогателни фотографии од 2-годишната ќеркичка болна од рак на која ѝ ја избричија главата

    Tue, 07/07/2026 - 12:04
  • Легенда: Силвестер Сталоне слави 80-ти роденден, сопругата Џенифер со емотивна објава и стари фотографии

    Tue, 07/07/2026 - 11:30
  • Почина пејачката Лорен Бенет на 36-годишна возраст, ќе остане запаметена по хитот „Party Rock Anthem“

    Tue, 07/07/2026 - 10:24
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.