• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ледената“ Бетика по 15-ти пат на Вевчански карневал: „Овие маски се рачно изработувани со љубов и почит кон традицијата“

12 јануари 2026, 11:27
  • cподели

Бетика Котовчевка по 15-ти пат ќе биде дел од Вевчанскиот карневал, кој започнува денес, а ќе трае до 14 јануари во Вевчани.

„Ледената кралица“, која ја смета природата за свој лек, ги покажа маските кои низ годините наназад рачно ги изработувала и опиша што претставува за неа овој карневал со повеќе од 14 века запишана традиција.

Еве ја објавата на Бетика:

Утре започнува Вевчански Карневал жива традиција, слобода на духот и огледало на вистината што со векови зборува без страв.

Мојата поврзаност со Вевчани не е крвна, него душевна.

Оваа ми е јубилејна 15-та година без прекин, Бетика е дел од оваа 1.400 и кусур годишна традиција. Не како набљудувач, туку како срце што чука во ист ритам со Вевчани.

Ова место го осеќам толку блиску до срцето, како втор дом.

А луѓето таму топли, храбри, автентични луѓе што знаат да се смеат, да пркосат и да останат свои покрај сè!

За овој ден сум се враќала и од далечната Лапонија, затоа што некои повици не се одбиваат, тие се живеат.

Живеам за овој ден.

Најубавата традиција, чистилиште за цела Македонија.

Стар обичај каде што народот низ смеа, сатира и превртена реалност ја симнува тежината од душата. Тука се исмева злото, се разобличува неправдата и се чисти сè што се насобрало во текот на годината страв, бес, лага, болка.

Маските не се за криење, туку за ослободување. Со нив се пушта старото да замине, за новото да има каде да влезе. Тоа е колективно чистење, длабоко вкоренето во нашите адети, пренесено од нашите предци што знаеле дека човек мора барем еднаш годишно да ја истресе душата.

Колку и да пишувам, малку е. Ова не се објаснува со зборови, ова мора да се искуси - доживее.

Иначе овие маски и креации се дел од мојата душа, рачно изработувани низ годините, со љубов, визија и почит кон традицијата.

Вевчани, вие сте пример како се чува традиција со достоинство и хумор.

Ви благодарам што со векови му покажувате на светот што значи слободен дух.

А вас, мои луѓе — дојдете утре. Доживејте нешто уникатно, единствено, нешто што не се раскажува, туку се памети длабоко во срцето.

Tags
Бетика

Најнови

  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Селена Гомез и Бени Бланко

    Заљубен пар: Селена Гомез гламурозна во Шанел до сопругот Бени Бланко на Златен глобус

    Mon, 01/12/2026 - 13:20
  • „Дијамант“ – спотот за новата песна на Елвир Мекиќ снимен на Козјак

    Mon, 01/12/2026 - 12:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.