• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Лебот без брашно Тонус пристигна во Македонија

16 октомври 2015, 07:30
  • cподели

Замислете секој ден да јадете здрав, вкусен и хранлив леб, а притоа да не ја зголемувате телесната тежина и да не ја расипувате фигурата, туку обратно, да имате нормален метаболизам и здрава крв, да го намалите холестеролот и да ја подобрите функцијата на кардиоваскуларниот систем и цревата, да го стабилизирате нивото на шеќер во крвта кај дијабетесот, да го зацврстите имунитетот, да го исчистите телото од токсини, да ја исчистите кожата, да го намалите целулитот во поткожното масно ткиво.

Тонус

Сега сигурно се прашувате - Во што е тајната на овој производ?

Тајната е многу едноставна, Тонус лебот е единствениот вистински интегрален леб кој се прави од цели изртени пченични зрна, без адитиви, конзерванси и вештачки бои.

Основна разлика помеѓу Тонус лебот и било кој друг интегрален леб на пазарот е во миењето на пченицата. Во масовното производство на пченица, земјата, семето, посевите и житото се третираат со разни хемиски средства, хербициди и пестициди. Кај интегралните лебови зрното се чисти само механички, додека во производството на Тонус лебот пченицата се мие 10 до 15 часа, сè додека не стане перфектно чиста, па потоа се остава да изрти. Во процесот на ‘ртење, житариците ја менуваат својата структура, на начин сличен како испилувањето на пилето од јајцето: пилето се создава со тоа што се храни и ја троши белката. Од друга страна никулецот расте и ја зголемува количината на протеини, растителни влакна, минерали, витамини, ензими трошејќи скроб и глутен. Неизртените житарици имаат многу помала биолошка вредност од изртените.

Тонус

Изобилува со магнезиум, цинк, селен, железо, манган, бакар, кобалт и силициум. Во неговиот состав овие елементи се избалансирани и во лесно усвоив облик благодарение на процесот на ‘ртење.

Важна вест за сите кои внимаваат на своето здравје: долгоочекуваниот Тонус леб без брашно од Србија, од август е достапен и во Македонија.

Во почетокот на пазарот се понудени: Тонус леб збогатен со семиња од тиква, лен, сочоглед и сусам, ржан Тонус и ржан Тонус без квасец. Овој асортиман ќе се проширува бидејќи Тонус програмата изобилува со вкусни и здрави производи.

Тонус Тонус Тонус

Тонус производите можете да ги најдете во Вегера, Рептил, Гранап, Зур, Био Култ, Мар-вик, Зегин healthy food, Виола здрава храна, Виталиа, Био космос, Органика и Имуно.

Најнови

  • Монтре, Женева, Гештад... Елена Најдоски од „Живот со стил“ со сопругот ужива во Швајцарија

    Sun, 01/11/2026 - 23:00
  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.