• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Крвава битка за милијарди: Наследникот на Mango обвинет за убиство на татко си, го турнал од карпа

19 мај 2026, 11:55
  • cподели

Повеќе од една година по трагичната смрт на основачот на брендот Mango, Исак Андик, шпанските власти открија шокантни детали кои ја потресоа јавноста. Неговиот син, Џонатан Андик, е уапсен под сомнение дека го убил татко си, со што целосно паднаа во вода првичните тврдења дека модниот магнат го загубил животот случајно, лизнувајќи се од карпа.

Исак почина за време на планинарење со Џонатан на планината Монсерат во Каталонија. Според првичната верзија на настаните раскажана од самиот Џонатан, неговиот татко се лизнал на една од патеките и паднал од карпа висока 150 метри, во близина на пештерите Салнитре во Колбато, Барселона.

На почетокот се веруваше дека станува збор за несреќен случај. Сепак, недоследностите во исказите на Џонатан и новите докази ја насочиле истрагата во сосема друг правец.

Неколку шпански медиуми пренесуваат дека односите меѓу таткото и синот биле исклучително тензични и дека непосредно пред кобниот инцидент тие имале сериозна и жестока расправија. Џонатан, кој досега ја извршуваше функцијата потпретседател на управниот одбор на модната компанија, се очекува наскоро да биде изведен пред судија.

Исак беше еден од најбогатите луѓе на светот со богатство кое се проценуваше на 4,5 милијарди долари. Роден е во Истанбул, Турција, во 1953 година, а во 1969 година со семејството се преселил во Барселона, каде со неговиот брат започнале да продаваат облека. Подоцна, тие отвориле продавници и во Мадрид. Името Mango го избрал Андик откако го пробал овошјето манго за време на патување на Филипини.

Најнови

  • Бременоста ја чуваше во тајност, бебето го крсти по себе... Манекенката Александра Накова го роди второто дете

    Wed, 09/02/2026 - 15:01
  • Маја Кикириткова, Антонијо Милошоски, Пере Нокаут... Еве кои познати Македонци за првпат ги испратија децата во училиште

    Wed, 09/02/2026 - 14:03
  • Уникатно и романтично: Ја запроси саканата на 71. кат додека надвор леташе хеликоптер со натпис „Дали ќе се омажиш за мене?"

    Wed, 09/02/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.