Кристијано Роналдо со Џорџина, мајка си и малиот син на примањето на „Златна топка“ на Ајфеловата кула
Кристијано Роналдо се закити со петтата „Златна топка“. Талентираниот Португалец ја прими наградата на церемонија на Ајфеловата кула во Париз.
„Им благодарам на моите соиграчи од Реал Мадрид. И сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои ми помогнаа да го достигнам ова ниво“ – рече Роналдо.
На свеченоста, Роналдо се појави со мајка си Марија Долорес, синот Кристијано Џуниор и девојката Џорџина Родригез.
Роналдо и Џорџина добија и мал подарок за новородената ќеркичка – слатко боди со пет златни топки.
ВИДЕО
Неодамна Роналдо изјави дека посакува 7 златни топки и 7 деца.
Од 2008 година, престижната награда завршува или во рацете на Роналдо или во рацете на Меси.
Роналдо пристигна во Париз со целото семејство со приватен авион.