Кристијано Роналдо и Џорџина со синот на плажа, се шират гласини дека викендов ќе прават свадба
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез го користат секој слободен момент за да избегаат на некоја идилична плажа.
Славниот пар со семејството сега пристигна на Мајорка и беше фотографиран од папараците, а потоа сподели и фотографии од на плажа.
На нив, Роналдо и неговиот син Кристијано Џуниор позираат покажувајќи ги мускулестите тела. „Не сè уште“ – напиша тој во описот.
На папараци фотографиите и на една од фотографиите кои Џорџина ги сподели, Роналдо носи сличен дијамантски прстен како вереничкиот прстен на Џорџина, што веднаш ги засили гласините дека викендов ќе се венчаат.
41-годишниот фудбалер и 32-годишниот модел се верија во август минатата година.
Според информации од португалските медиуми, парот планира свадбата да се одржи овој викенд во Синтра, Португалија.