• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Криси Тиген сподели фотографии по бикини без Фотошоп, доби бројни комплименти

8 април 2024, 07:55
  • cподели

Во ера каде постојано се споделуваат фотошопирани фотографии, Криси Тиген е промената која му е потребна на светот.

38-годишниот модел сподели албум од одморот во Тајланд, каде е со четирите деца. На фотографиите, Криси позира во бикини, а очевидно е дека таа не користела ниту филтри, ниту Фотошоп за да го измени својот изглед. Криси Тиген Криси Тиген

Многу мајки ѝ се заблагодарија што реално покажува како изгледа телото по породувањето и што им помага на жените да бидат посамоуверени.

„Мислам дека оваа фотографија не е едитирана (изгледаш прекрасно), но исто така... ти благодарам.“

„Ти благодарам што објави искрена реална фотографија од нормално мајчино тело. Изгледаш неверојатно! Голем дел од нас мајките сме премногу несигурни поради нашите постпородилни тела и се грижиме како изгледаме. Гледајќи те тебе, сфаќам дека изгледа прекрасно.“

„Посакувам повеќе луѓе да беа реални како тебе. Во свет полн со лаги и филтри, обожавам кога гледам колку е убав некој толку природен како тебе...“

„Ким Кардашијан никогаш не би објавила ваква фотографија. Ти благодарам што нè потсети дека телата по породувањето се уметнички дела.“

„Како мајка и како личност која има повеќе од 2 години работено во медиумите, не можам да ти кажам колку ми значат овие фотографии. Ти благодарам.“

„Секоја жена, која ја гледа оваа фотографија од една неверојатна мајка, во мислите си вели ТИ БЛАГОДАРАМ.“

„Не си ни свесна колку оваа фотографија им помага на луѓето од сите возрасти“ – ова се само дел од коментарите на фотографиите на Криси.

Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген

Тиген е во брак со пејачот Џон Леџенд од 2013 година и заедно имаат четири деца. Нивните три поголеми деца се зачнати со вонтелесно оплодување, додека четвртото дете тие го добија со помош на сурогат-мајка.

Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.