• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Криси Тиген низ солзи зборуваше за сопругот Џон Леџенд кој ѝ ја додели наградата на Glamour

13 ноември 2018, 09:28
  • cподели

Криси Тиген беше една од добитничките на овогодишните награди „Жена на годината“ на списанието Glamour.

На манифестацијата во Њујорк, 32-годишниот модел пристигна со својот сакан сопруг Џон Леџенд облечена во креација од колекцијата есен/зима 2018 на Solace London.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

Наградата на Криси ѝ беше врачена од Леџенд, кој ја претстави со емотивен говор во кој ја нарече својата сакана „ѕвездата во семејството“ и „срцето и душата на семејството“.

„Јас имам успешна кариера во музичката индустрија, но сите знааеме која е ѕвездата во семејството. Таа е и душата и срцето на семејството. Премногу сум вљубен во оваа жена. Мислам, претпоставувам дека е очигледно. Таа е моја сопруга и мајка на нашата ќерка Луна и на нашиот син Мајлс.“

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

„Но, јас не сум единствениот кој е вљубен во неа. Милиони луѓе кои не се во брак или во крвно сродство со неа ја сакаат исто така. Каде и да одам, среќавам луѓе, фанови, кои во минатото ми бараа автограм и ми кажуваа колку ја сакаат мојата музика. Сега, најчестиот коментар кој го добивам од луѓето кои НЕКОГАШ биле МОИ фанови е колку ја сакаат Криси. Таа добива поголеми поздрави од мене на моите концерти. Ја обожаваат!“

„Луѓето ја сакаат нејзината искреност, нејзиниот хумор, нејзината убавина и стил, нејзината страст кон храната, нејзината смисла за забава и авантура. Го сакаат нејзиното големо прекрасно срце. Срцето кое постојано го покажува. Таа инспирира многу луѓе и многу жени. Таа е онаков тип на жена за која се пишуваат песни...“

„Тука сум за да ти кажам дека припаѓаш токму тука. Восхитен сум од жената која си денес и навистина сум горд што остатокот од светот конечно дозна за тоа“ – рече Џон во говорот кој ја разнежни Криси, која не можеше да си ги сокрие солзите додека зборуваше за него.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

„Честопати се шегувам за ова, но јас навистина го имам најневеројатниот сопруг на планетата. Ти ни си сè. Ти ме направи жена. Пораснавме заедно, нашето семејство порасна заедно, нашите кариери пораснаа заедно. Ова е премногу лигаво. Се извинувам, го мразам. Не плачев дури ни на нашата свадба. Те мразам Џон, навистина те мразам“ – во нејзин стил рече таа.

Видео

View this post on Instagram

A post shared by Glamour (@glamourmag) on Nov 12, 2018 at 7:25pm PST

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

Парот е во брак од септември 2013 година и има две деца.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд
Tags
Криси Тиген
Џон Леџенд

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.