• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Кралицата Ранија во моден едиторијал за арапскиот „Harper's Bazaar“

5 март 2019, 19:40
  • cподели

Ранија Ал-Абдула пред 20 години стана кралица на Јордан и тој јубилеј беше повод таа да сними едиторијал за „Harper's Bazaar“ Арабија.

48-годишната сопруга на кралот Абдула II позираше во елегантни креации пред објективот на Алекси Љубомирски, а во интервјуто зборуваше за предизвиците во владеењето, воспитувањето на децата и стилот.

Кралицата Ранија Кралицата Ранија

Од почетокот на кризата во Сирија во 2011 година, па досега, Јордан има прифатено 1,3 милиони бегалци. За таквиот чекор, таа вели: „Не можевме да одбиеме невини луѓе кои бегаат од војна, смрт и очај. Мислам дека тој избор кој го направија Јордан, неговите лидери и неговиот народ, кога Сиријците започнаа да бегаат преку граница, ќе биде запомнет во историјата како пример за морално лидерство и морална храброст.“

Ранија во целиот свет е позната по софистицираниот стил на облекување, но таа вели дека би сакала акцентот да е ставен на нејзината работа. „Со голема страст ја работам својата работа и облеката нема поврзаност со тоа. Разбирам дека имам одговорност да ја претставувам својата земја во добро светло. Па, наместо да ги следам најновите трендови, целам да се облекувам на начин кој го рефлектира она што сум. Најкомфорно се чувствувам во скромна облека – делумно поради мојата позиција, но воглавно затоа што чувствувам дека тоа е правилно за мене, како жена... На крајот на краиштата, се надевам дека мене ќе ме дефинира мојата работа, а не мојата гардероба“ - изјави таа.

Кралицата Ранија Кралицата Ранија

За воспитувањето на четирите деца, таа вели: „Секогаш им кажувам: 'Вие ја носите титулата, а не таа вас' и да гледаат на неа повеќе како на одговорност, а не на привилегија... Им кажувам на моите деца да поминуваат помалку време на телефонот и повеќе време да бидат присутни во сегашноста, да одат во природа и да читаат книги.“

Кралицата Ранија Кралицата Ранија Кралицата Ранија
Tags
кралицата Ранија

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.