Кожно здолниште, впечатлива бунда... Александра Пријовиќ згодна на концертот на Емина Јаховиќ 3 месеци по породувањето
Александра Пријовиќ привлекуваше внимание на концертот на Емина Јаховиќ во Сава центарот во Белград.
30-годишната српска пејачка од првиот ред го следеше музичкиот настан и ѝ даде поддршка на својата колешка. Пријовиќ шармираше во стајлинг кој вклучуваше кожно здолниште, ролка и бунда.
Таа разговараше и позираше со својата колешка Теа Таировиќ, која беше облечена во црвен тесен фустан.
Емина сред концерт се наведна и ја бакна Александра на образот за да ѝ се заблагодари за поддршката.
Александра го роди своето второ дете во септември. Таа има уште едно синче со Филип Живојиновиќ кој е син на сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ.