• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Косата заслужува повеќе од тренд. Најдобрата рутина е онаа што одговара на твојата коса

17 април 2025, 11:20
  • cподели

Косата не е само дел од нашиот изглед туку е дел од нашиот идентитет. Таа ја носи приказната на секојдневието, реагира на стресот, времето, начинот на живот. Понекогаш е сјајна и полна со живот, понекогаш сува и изморена. Но едно е сигурно дека со правилна нега, секоја коса може да изгледа и да се чувствува подобро.

Во рамките на иницијативата што го покажува индивидуалниот пристап кон убавината, започнува и вистинската нега на косата. Не се работи само за изборот на производи туку и за можноста да се разбере што ѝ треба на косата за да биде здрава, цврста и негувана.

Жена

Не постои еден универзален третман што одговара на сите. Косата на секој човек има свој ритам и свои потреби: од хидратација и заштита, до зајакнување и обнова. Токму затоа фокусот е на едукација и персонализирани совети. Стручњаците за нега на коса и професионалните фризери имаат можност да им објаснат на луѓето кои состојки навистина ѝ се потребни на косата и како да се избегнат најчестите грешки во грижата за косата.

Според нив, убавата коса не е прашање на генетика или скапи третмани, тоа е резултат на грижа и правилен избор на производи што се во согласност со природните потреби. Тие препорачуваат шампони и балсами, до специјални масла и серуми, од dm дрогериите како квалитетни опции за различни типови коса, без агресивни формули и без краткорочни решенија.

„Косата не е само украс, туку е одраз на начинот на кој се грижиме за себе. Прекумерното стилизирање, агресивните третмани и неправилната нега можат да ја ослабнат. Секој тип коса има свои потреби и не постои еден совршен производ што ќе одговара на сите. Најголемата грешка што ја гледам кај клиентите е што вложуваат во многу производи, но не и во основната нега. Сјајната, цврста и здрава коса почнува од шампонот, балсамот и правилната хидратација. Косата не може да изгледа добро ако не е навистина негувана“ - вели Билјана Ангеловски, стилист во Студио Адикт

Веб-страницата dm.mk исто така е добро место за добивање корисни информации, совети, трикови и вистински искуства кои може да ни помогнат како негата на косата да стане дел од секојдневната рутина.

Во време кога брзите промени стануваат секојдневие, негата на косата е потсетник дека грижата за себе е долгорочна инвестиција. Оваа иницијатива не промовира совршенство туку реална, здрава и природна убавина но и грижа за она што веќе го имаме.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.