Кошаркарот Лука Дончиќ ќе ги плати погребите на жртвите во масакрот во основното училиште во Белград
Лука Дончиќ не остана рамнодушен на страотниот напад во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Словенечкиот кошаркар со големо срце одлучи да ги плати погребите на осумте деца и чуварот кои беа убиени од 13-годишниот ученик Коста Кецмановиќ, како и советувањето и стручната помош за сите засегнати од немилиот настан.
Дончиќ е длабоко поврзан со Србија, бидејќи неговиот татко е Србин, а има и многу роднини кои живеат во главниот град.
„Срцето ми е скршено поради трагедијата и изгубените детски, невини животи! Моите мисли се со семејствата на жртвите и целата нација. Мојата фондација, по повод овој тежок и немил настан, пружи поддршка на сите семејства, ученици и наставници од основното училиште ‘Владислав Рибникар’“ – напиша тој на Twitter.
Zbog tragedije i izgubljenih dečijih,nevinih života moje srce je slomljeno! Moje misli su sa porodicama žrtava i celom nacijom.
— Luka Doncic (@luka7doncic) May 4, 2023
Moja fondacija,povodom ovog teškog i nemilog dogadjaja,pruža podršku svim porodicama,učenicima i nastavnicima osnovne škole Vladislav Ribnikar.
Трагедијата се случи пред два дена кога Коста со оружје на неговиот татко влегол во училиштето и безмилосно усмртил 9 лица. Српските власти објавија дека убиецот подолго време го планирал нападот и дека имал детален список од врсниците кои сакал да ги убие.
