Почетна » Новости » Актуелно » Го планирал масакрот, имал список за убивање, сам повикал полиција, не покажувал каење... ужаснувачки детали за страотниот напад во Србија

Го планирал масакрот, имал список за убивање, сам повикал полиција, не покажувал каење... ужаснувачки детали за страотниот напад во Србија

Шок и неверување предизвика крвавиот масакар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Пораки за сочувство стигнуваат од сите страни до сите засегнати, а сè повеќе се разоткриваат детали за грозоморниот напад кој зацрни многу семејства.

Малолетникот К.К. со оружје на неговиот татко утринава влегол во училиштето и безмилосно усмртил 9 лица (7 ученички, 1 ученик и припадник на обезбедувањето).

Српските власти објавија дека убиецот подолго време го планирал нападот и дека имал детален список од врсниците кои сакал да ги убие. Откако смртно го застрелал чуварот на училиштето, убил 8 ученици и ранил уште шест деца и еден наставник, тој сам повикал полиција. „Јас сум Кецмановиќ Коста“ – рекол тој и признал дека пукал во повеќе лица.

Трагедија

Веселин Милиќ, началник на белградската полиција, соопшти: „Тој долго време го планирал ова. Го избрал денешниот датум затоа што училницата за историја била блиску до влезот на школото. По влегувањето во училиштето, веднаш го усмртил чуварот. Од вратата на училницата пукал во учителката, а потоа и во учениците. По масакрот, излегол надвор и пукал во другите. Сам призна дека го планирал ова, а имаме и список на децата кои планирал да ги ликвидира. Сам го имал направено планот за влезот и излезот од школото и ги имал одредено приоритетните мети. Кого од кое одделение да ликвидира, имал и броеви и имиња на децата... Скицата изгледа како од некоја видео игра или од некој хорор филм, што укажува дека детално планирал како да влегува во која училница и како и кое дете да го ликвидира“.

Трагедија

Според информации од српските медиуми, К.К. не покажувал каење и по тешките убиства, смирено и со ладен поглед излегол од училиштето.

Српскиот претседател Вучиќ сподели дека напаѓачот планирал да ги искористи и молотовите коктели, кои ги имал во ранецот, но се премислил. „Некои зборуваат за врсничко насилство, дека се заканувал со бомба. Ве молам не измислувајте, никогаш не се заканувал. Тој мислел да фрли молотов коктел за да спречи кој било друг од страна додека не си ја заврши работата. Но, се уплашил и се откажал од фрлање“ – појасни тој.

Трагедија

Вучиќ откри и што ќе следува за К.К. „Ќе биде сместен на посебен оддел на клиниката за невропсихијатрија. Неговиот татко, како сопственик на оружјето кое очигледно било непрописно чувано, иако ги имал сите потребни дозволи, е уапсен“ – соопшти тој на најновата прес-конференција за медиумите.

Вучиќ нагласи дека К.К. настојувал да се премести во друго одделение каде што имал тројца другари. „Тој барал преместување во друго одделение каде имал тројца пријатели, во претходното одделение сите го избегнувале. Рекол дека родителите не го тепале, туку само барале секогаш да има подобри резултати и дека послаби резултати покажувал откако се заљубил. Ни во тоа ново одделение не го прифатиле, затоа што бил поразличен и тогаш се одлучил на монструозниот чин“.

„Го чекаше денот и се подготвуваше за тоа. Три пати бил на стрелаштво со татко му. Му се допаѓало тоа и бил добар стрелец“ – изјави тој.

Вишото јавно обвинителство Белград соопшти дека K.K. нема да одговара кривично, бидејќи нема навршени 14 години. Попладнево беше уапсен неговиот татко и задржан под сомневање дека извршил тешки дела против општата сигурност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11910 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.