• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Корици на списанија за девојчиња и момчиња го разбрануваа интернетот

14 септември 2016, 13:43
  • cподели

Татко сподели фотографија од насловните страници на списание за момчиња и списание за девојчиња со слично име (кои не се меѓусебно поврзани) и поттикна жестока дебата на интернет. На корицата од женското списание стојат наслови на содржини како „Косата од твоите соништа“ и „Разбуди се убава“, додека на машкото списание пишува „Истражи ја твојата иднина (станувајќи астронаут или пожарникар)“.

Списание

Откако Мет Фрај, кој има три ќерки, ја сподели фотографијата и ја изрази својата разочараност од тажната реалност во којашто живееме, уште илјадници родители го направија истото.

„Тажен микрокосмос од она што нашето општество подразбира под тоа да се биде момче и да се биде девојче. Имам три девојчиња за растење, а ова ми го крши срцето. Ќе се борам со сите мои сили, моите девојчиња да не постојат во оваа реалност“ – напиша Фрај во описот на фотографијата.

„Сè што го мразам при растењето ќерки во само една фотографија (овие се моменталните насловни страници за септември 2016 година)“ – напиша друг татко.

Млада блогерка на својата страница објасни дека е згрозена од она што го видела и даде пример како би требало да изгледа корицата на едно списание за девојки.

Кога ја видов објавата подолу, бев во шок. Дали ова е вистина? Дали е оваа фотографија лажна? Откако пребарав на интернет за овие две списанија, открив дека се реални. Бев згрозена.

Девојките треба „Да се разбудат убави“, а момците „Да ја истражат својата иднина“.

Е*ете се „Girls` Life“. Вака би требало да изгледа вашата корица:

Списание

Мораме повеќе да се потрудиме.

Списание

Сепак најголема поддршка од интернет корисниците доби мајката на две девојчиња и три момчиња Шошана Китс, која директно им се обрати на уредничките на списанието, критикувајќи го изборот на содржини и давајќи им до знаење дека поскоро би претплатила за машкото списание.

Еве го нејзиниот текст:

Драги Керен, Чан, Келси, Брук и Паулет,

Ви се обраќам на сите поради две причини. Прво, вие сте на чело на списанието „Girls` Life“. Второ, дури и ако вие во склоп на вашето списание немате уредувачка контрола, сигурно имате глас и треба да го користите.

Тоа се однесува на прикачената фотографија, фотографија од насловната страница на вашето списание, споредена со онаа на „Boys` Life“ (неповрзано, но со слично име списание). Ви давам една минута за да ги споредите насловните.

Вашата насловна е со убава млада девојка, чие лице е прекриено со шминка и ги каните вашите читателки да ги „украдат нејзините тајни“.

Насловната на „Boys` Life“ има задебелени букви: ИСТРАЖИ ЈА ТВОЈАТА ИДНИНА, обиколени од неверојатни алатки за различни професии – доктор, пилот, хемичар, инженер итн. – и поднаслов – ЕВЕ КАКО ДА БИДЕТЕ ОНА ШТО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ.

Дали воопшто би можело да постојат две поразлични пораки од овие?

Ајде да истражуваме понатаму.

Вашето списание:

Мода (како да оставиш впечаток на првиот ден)

Исповед: Мојот прв бакнеж

Разбуди се убава

Коса од вашите соништа

Барем сте го споменале успехот на училиште... иако тој доаѓа по: како да се забавувате, да склопите пријателства и да ви бидат сите 5-ки.

Но, што ќе прават со сите тие петки кога момчињата ќе бидат астронаути, артисти, пожарникари, готвачи?

Вашата порака до девојчињата:

Бидете како ова девојче.

Разбудете се прекрасни, украдете ги неговите тајни, оставете впечаток на првиот ден, забавувајте се, склопете пријателства... бакнете се... и имајте ги сите 5-ки.

Пораката на „Boys` Life“ до момчињата:

Бидете она што сакате да бидете. Еве некои од вашите неверојатни избори! Ние ќе ви покажеме како!

Вашите приказни од реалниот живот се: Вистински приказни на девојки за првиот бакнеж.

Приказните од реалниот живот на „Boys` Life“ се: Вистински приказни на пожарникари во акција.

Па, кажете ми што ги подучувате девојчињата?

Дали таа порака сакате да им ја испратите на вашите ќерки?

Вие сте жени. Професионални жени кои работат. Дали сте горди со таа порака? Дали за ова станавте издавачи, автори, графички дизајнери? За да им кажете на девојчињата дека се збир од нивниот стил, шминка и коса?

Знам дека сте само едно од многуте списанија кои придонесуваат за оваа култура, но верувам дека МОЖЕТЕ да бидете дел од менувањето на сè што е погрешно тука.

МОЖЕТЕ да се борите со бранот на објективизација на девојчињата.

МОЖЕТЕ да создавате насловни страници и приказни кои ги третираат девојчињата како повеќе од само коса, усни и бакнежи.

Додека да го направите тоа, јас ќе претплатам за „Boys` Life“, бидејќи квизот кој го сакам за моите девојчиња не е: „Дали сум подготвена за момче?“, туку е: „Што сакам да бидам?“

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.