• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Колку добиваат славните за да посетуваат модни ревии?

5 февруари 2010, 13:25
  • cподели
РијанаРијана на Париската недела на модата.

Додека секоја обична жена на светот копнее да седне во првиот ред на модните ревии на познатите дизајнери, славните ѕвезди не се толку големи ентузијасти и мораат да бидат поткупувани за да присуствуваат и да бидат видени на ревиите. Големите модни брендови се подготвени да дадат многу пари за да имаат славен гостин кој ќе им ракоплеска додека ги презентираат најновите колекции.

Во зависност од својата популарност, секоја ѕвезда добива одредена сума за својата појава. На врвот на листата на највисоко платени гости на ревии се наоѓа 21-годишната Ријана. Младата пејачка со својот стил и слава заработува повеќе од 100 000 долари само за да седи на првиот ред на една ревија.

На второ место се наоѓа Бијонсе која добива 80-100 илјади долари за да биде дел од публиката на модните недели. Според податоците на Fashionista, сестрите Мери Кејт и Ешли Олсен со една посета на модна ревија заработуваат по 80 000 долари.

Но, ова не значи дека тие приходи нема некогаш да им се намалат. Со намалувањето на популарноста, заработката на славните опаѓа. Пример за тоа е Џенифер Лопез. Во 2005 година, таа за посета на модна ревија добивала по 80 000 долари, но сега мора да се задоволи само со 30 000. Посетата на Линдзи Лохан во 2006 година вредела 60 000 долари, но сега по многуте скандали таа не добива ниту покана за да присуствува на престижните ревии.

Лејтон Мистер од популарната серија Gossip Girl добива 40 000, а нејзината колешка Блејк Лајвли 50 000. Хилари Даф, која за кратко ѝ се придружи на екипата на оваа серија, добива по 40 000 долари за една ревија.

Навистина е лудо колку славните добиваат пари за сè и сешто, дури и за да добијат привилегија да уживаат во убава ревија.

Tags
Ријана
мода
Бијонсе

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.