„Кој ми дозволи да имам ќерка?“: Ријана со куп нови фотографии и видеа по првиот роденден на ќеркичката Роки
Ријана ужива во семејниот живот далеку од сцената и одвреме-навреме им дозволува на фановите да ѕирнат во него.
38-годишната пејачка сподели албум со фотографии и видеа од ќеркичката која на 13 септември го прослави првиот роденден. На дел од нив, Роки е бебенце, додека на други веќе ужива во детски авантури со својата славна мајка.
Во едно од видеата, Роки си игра со перика ставена на главата, додека Ријана се слуша како се смее во позадина. На друга фотографија, таа има розови витлери во косата, а на трета позира во бикини.
„Кој ми дозволи да имам ќерка, бе? Сè уште не ми се верува дека помина една година“ – напиша Ријана во описот.
Роки е најмалото дете на Ријана и раперот Ејсап Роки, кои ги имаат и синовите Риза и Рајот. Славната музичарка уште пред раѓањето на ќеркичката рече дека двајцата се надевале дека третото дете ќе биде девојче.
Малечката Роки веќе го имаше и своето модно деби. Во април, се појави со мајка си на насловната страница на „W Magazine“, кога имаше само седум месеци.