• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Кој ги уби децата од Кочани? Има ли јунак да ги одбрани?“: Игор Џамбазов со силни зборови кои кршат срца на „Златна бубамара“

27 февруари 2026, 11:24
  • cподели

Игор Џамбазов им разбуди тага и силни емоции на присутните на „Златна бубамара на популарноста“.

Македонскиот актер со грутка на грлото ги спомена личностите кои ги изгубивме во текот на изминатата година, а кои оставија силен траг зад себе. 

Откако се присети на големите имиња на Тоше Поп Симонов, Васил Рингов, Драган Б. Костиќ, Тихомир Јанчовски, Милка Ефтимова, Соња Каранџуловска, Симеон Чулев, Илија Темелковски, Ленче Делова и Сенка Велетанлиќ, тој се наврати на најголемата „македонска крвава бајка“ во која ги изгубивме најголемиот дел од членовите на групата ДНК заедно со уште десетици млади ангели.

Со силни емоции, Игор рече:

Сара Пројковска… Повеќе од 10 години ми го чуваше грбот на секоја Бубамара. Никогаш нема да ја заборавам нејзината насмевка. Андреј, се врати внатре во дискотеката на смртта да спасува деца, но цијанидот го задржа. Панчо, почина откако ја дозна тажната вест за трагедијата.

Игор Велков-Жути недостасува овде, тонецот на Бубамара. Андреј Коларов велат човек што ширел добрина, Ѓорѓи Георгиев насмеаното дете од Струмица, Мартин Атанасовски-Буци битбокерот кој беше дел од ДНК, фотографот Александар Ефремов кој ги следеше ДНК на сите нивни настапи и снимања на спотови, Филип Стевановски музичар и срце човек. Слава им.

Во својот говор Игор рече дека жртвите во пожарот ги убија неодговорни луѓе и корупцијата.

Кој ги уби децата од Кочани? Фашисти? Не, ги убија наши неодговорни луѓе, нелуѓе. Кому му пречеа тие деца? Тие деца не пречеа никому. Само се жртви на еден голем хаос. На еден голем хаос кој зацрни цел еден град. Еден голем хаос кој верувам дека никогаш нема да го заборавиме и секогаш ќе ни стои како една шлаканица која ќе нé боли вечно.

Нема ли во Македонија јунак да застане и да ги одбрани овие наши деца? Има ли таков јунак? Слава им на ангелите – рече тој.

Ана Костадиновска, која беше дел од придружните вокали на настанот, сподели видео од овој момент и напиша: „Непребол мој“.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Tags
Игор Џамбазов
пожар во Кочани
Златна Бубамара на популарноста
Златна Бубамара на популарноста 2026

Најнови

  • Калиопи и Слаткар на Златна бубамара

    Награди и инспиративна енергија: Калиопи и Слаткар освојуваа на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 13:06
  • „Кој ги уби децата од Кочани? Има ли јунак да ги одбрани?“: Игор Џамбазов со силни зборови кои кршат срца на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 11:24
  • Тина Русева

    „Секогаш ќе бидам гласот на Македонија“: Тина Русева со награда и моќен настап на „Златна бубамара“

    Fri, 02/27/2026 - 11:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.