• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Изјава на Групацијата за производство на цигари при Стопанската комора на Македонија за предлог-законот за заштита од употреба на тутунски производи или сродни производи

30 мај 2026, 19:57
  • cподели

Како Групација за производство на цигари, во рамките на Здружението на производители на тутун и производи од тутун при Стопанската комора на Македонија, го цениме фактот што во текот на подготовката на Предлог-законот за заштита од употреба на тутунски производи и сродни производи беше овозможена инклузивна комуникација со предлагачот на законското решение, при што дел од доставените забелешки, ставови и укажувања на деловната заедница беа земени предвид.

Нагласуваме дека цврсто ги поддржуваме заложбите за засилување на заштитата на малолетните лица, вклучително и ограничувањето на пристапот, продажбата и употребата на тутунски и сродни производи од нивна страна - принцип кој и самите секојдневно го применуваме во нашето работење преку конкретни механизми и програми.

Истовремено, го поддржуваме носењето на балансирани регулаторни решенија кои овозможуваат одржливост, препознатливост и диференцијација меѓу различните традиционални и нови тутунски производи, преку сите нивни специфики. Регулацијата на новите производи и понатаму треба да остане во фокусот на идната регулатива и нашата понатамошна соработка, каде ја нудиме целосната експертиза како мултинационални компании со светско искуство.

Во разговорите укажавме дека согласно нашите искуства, прекумерната регулација може да резултира со раст на нелегалната трговија и во овој контекст треба да се разгледуваат позитивните искуства на дел од земјите членки на Европската Унија. Стоиме на ставот дека сè уште има многу области каде што може и треба да продолжи конструктивниот дијалог меѓу сите засегнати страни, со цел соодветно регулирање на отворените прашања во регулаторната рамка и изнаоѓање решенија кои ќе обезбедат соодветен баланс помеѓу јавно-здравствените приоритети, економската одржливост и усогласеноста со современите европски практики.

Најнови

  • Изјава на Групацијата за производство на цигари при Стопанската комора на Македонија за предлог-законот за заштита од употреба на тутунски производи или сродни производи

    Sat, 05/30/2026 - 19:57
  • Ruins

    Светска премиера на документарниот филм „Руини" на Елена Чемерска на Shanghai International Film Festival

    Sat, 05/30/2026 - 19:45
  • Александра Јанева со сопругот Иван и малата ќерка Тина

    Александра Јанева ги сподели првите фотографии од бебенцето

    Fri, 05/29/2026 - 21:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.