• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Кога штркот навистина дојде во Newborn Clinic: Марија Дуда и Јорго во необична посета на клиниката

29 септември 2026, 15:55
  • cподели

Понекогаш најубавите приказни се случуваат сосема непланирано.

Марија Дуда, жената зад The Countryside, која со години несебично се грижи за спасени животни, неодамна пристигна во Newborn Clinic со еден навистина необичен гостин – штркот Јорго.

Посета на Марија Дуда на Newborn Clinic

Марија е позната по својата голема љубов кон животните и хуманитарната работа. На нејзиниот ранч The Countryside дом и грижа наоѓаат бројни животни, меѓу кои и повредени штркови кои поради својата состојба не можат да заминат со останатите. За нив грижата не завршува со летото – потребни се храна, нега и услови во текот на целата година.

Токму оттука започна и оваа мала приказна.

Откако во Newborn Clinic дознаа дека на Марија ѝ е потребна поддршка за храната и грижата за штрковите кои остануваат кај неа, клиниката одлучи да помогне.

Неколку дена подоцна, Марија возврати на свој начин – го донесе Јорго на гости во Newborn.

Штркот прошета низ клиниката, го запозна медицинскиот тим и за кратко време стана центар на внимание. А особено симболичен беше моментот кога Јорго се најде покрај една идна мајка во клиниката – фотографија која речиси и не бара објаснување.

Посета на Марија Дуда на Newborn Clinic
Посета на Марија Дуда на Newborn Clinic
Посета на Марија Дуда на Newborn Clinic
Посета на Марија Дуда на Newborn Clinic
Посета на Марија Дуда на Newborn Clinic

Во клиника во која штркот симболично секојдневно се очекува со најубавите вести, овојпат тој навистина пристигна.

Но зад симпатичната средба останува многу поголема приказна – онаа за една жена која голем дел од своето време, енергија и средства ги посветува на животни на кои им е потребна помош.

Гледајќи ги Марија и Јорго заедно, д-р Татјана Гуржанова од Newborn Clinic ја сумираше средбата во една реченица:

„За Силјан се сними документарец. За Марија треба да се сними документарец.“

Можеби токму затоа посетата на Јорго беше многу повеќе од интересен ден во клиниката. Беше потсетник дека грижата и човечноста немаат граници – и дека секој од нас може да направи разлика.

Посета на Марија Дуда на Newborn Clinic
Посета на Марија Дуда на Newborn Clinic
Tags
Њуборн Клиника
Марија Дуда

Најнови

  • Кога штркот навистина дојде во Newborn Clinic: Марија Дуда и Јорго во необична посета на клиниката

    Tue, 09/29/2026 - 15:55
  • Избраа библиско име: Тајзи ги откри името и полот на бебенцето кое го очекува со сопругата Ангела

    Tue, 09/29/2026 - 14:34
  • MG Collective и Bratot Apparel

    MG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје на креативната сцена на Скопје

    Tue, 09/29/2026 - 13:53
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.