„Кладба си е кладба“: Илчо од Дупер остана без коса по облог со Слаткар на снимањето на спот
Марко Маринковиќ-Слаткар и Дупер за два дена ќе ја извадат нивната заедничка песна „ОК“.
Пред да започнат со снимањето на спотот за истата, Слаткар се обложи со Илчо дека видеозаписот ќе го завршат за три часа, но тој не му веруваше.
Облогот беше дека доколку го завршат за три часа, Илчо ќе си ја скрати косата, а доколку трае повеќе, тогаш Слаткар ќе остане без коса.
На прес-конференцијата во НЛБ Галерија, Илчо си го исполни зборот и дозволи да му биде скратена долгата коса.
Погледнете го моментот: