• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Ким Кардашијан во фустан од 5 милиони долари носен од Мерилин Монро покрај Пит Дејвидсон на Мет галата

3 мај 2022, 07:27
  • cподели

Ким Кардашијан секогаш остава силен впечаток на Мет галата, а нејзиното овогодишно појавување не беше исклучок.

41-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ се трансформираше во Мерилин Монро и ги насочи сите погледи кон себе на црвениот тепих пред музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк.

Ким се појави со руса коса, облечена во гламурозниот фустан од Жан Луј, кој Мерилин Монро го носеше во 1962 година за да му посака среќен роденден на претседателот на САД Џон Кенеди. Покрај неа беше нејзиното момче Пит Дејвидсон.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан

Никој друг освен Монро досега не го носел овој фустан со 6.000 рачно шиени кристали, кој беше купен на аукција во 2016 година за 4,8 милиони долари од музејот „Ripley’s Believe It Or Not“. До ден-денес, фустанот го држи рекордот за најскап фустан продаден на аукција.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан

Ким го носеше оригиналниот фустан само неколку минути додека чекореше на црвениот тепих, а потоа се пресоблече во реплика кога стигна на врвот од скалите.

„Поради историската вредност на фустанот, таа не сакаше да ризикува“ – пишуваат од „Вог“.

„Имам екстремна почит за фустанот и никогаш не би сакала да седам или да јадам во него или да правам нешто со ризик да го оштетам и нема да користам шминка за тело која нормално ја користам“ – изјавила таа.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан

За да се собере во фустанот, Ким требало да ослаби, но со строга диета и физичка активност, брзо си ја постигнала целта.

„Беше или ова или ништо. Носев костим за слабеење двапати дневно, трчав на трака, целосно ги исфрлив јаглехидратите и шеќерот и ги јадев само најчистите зеленчуци и протеини. Не се изгладнував себеси, но бев многу строга“ – рекла таа за промените во начинот на живот.

Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан Ким Кардашијан
Tags
Ким Кардашијан

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.