Ким Кардашијан сподели зошто ги избриша фотографиите од Хари и Меган од својот профил: „Не сакаа да ги видат на забава“
Ким Кардашијан конечно ја разјасни мистеријата околу бришењето на фотографиите од принцот Хари и Меган Маркл од нејзиниот Instagram профил.
45-годишната риалити ѕвезда објасни дека тоа било на барање на војводата и војвотката од Сасекс кои не сакале да бидат видени на забава, затоа што сфатиле дека е „Ден на сеќавањето“.
Фотографиите беа направени на раскошната забава по повод 70-тиот роденден на Крис Џенер, организирана во стил на Џејмс Бонд во луксузната вила на Џеф Безос и Лорен Санчез во Беверли Хилс.
На нив, Хари и Меган се во опуштена атмосфера во друштво на познати личности од светот на шоу-бизнисот. Глобален медиумски интерес предизвика бришењето на објавите само неколку часа по нивното објавување.

Во подкастот „Khloé in Wonder Land“, Ким нагласи дека фотографиите биле објавени со целосна дозвола од принцот Хари и Меган, кои подоцна побарале истите да бидат отстранети од нејзиниот профил.
„Ни рекоа дека е во ред да објавиме... Никогаш не објавуваме нешто без дозвола. Ние не сме такви“ – истакна таа, додавајќи дека Хари и Меган подоцна се премислиле кога сфатиле како може да изгледа јавната перцепција.
„Мислам дека сфатија дека е Ден на сеќавањето и не сакаа да бидат видени на забава“ – додаде Кардашијан.
Таа го нарече целиот случај „невина ситуација“ која непотребно ескалирала, додавајќи дека нејзината мајка Крис Џенер и Меган Маркл се многу блиски.
Истиот ден, Хари и Меган беа забележани на галата Baby2Baby додека си разменуваа топли поздрави со некои од гостите, меѓу кои и долгогодишната пријателка на Меган, Серена Вилијамс. Тие фотографии не беа избришани.
