• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ким Кардашијан објави дека завршува „Keeping Up with the Kardashians“, шоуто траеше 14 години

9 септември 2020, 08:22
  • cподели

По 14 години пред камерите, Ким Кардашијан објави дека нејзиното семејство повеќе нема да го снима реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“.

39-годишната риалити ѕвезда објави дека следната година ќе се прикажува последната сезона. Еве ја нејзината објава:

Кардашијан

До нашите неверојатни фанови,

Со тешки срца, како семејство, моравме да ја донесеме тешката одлука да се збогуваме со „Keeping Up with the Kardashians“.

По 14 години, 20 сезони, стотици епизоди и бројни spin-off шоуа, повеќе од благодарни ви сме на сите вам, кои нè гледавте сите овие години – во добри времиња, лоши времиња, радост, солзи и многу врски и деца. Засекогаш ќе ги цениме прекрасните спомени и безбројните личности кои ги запознавме патем.

Им благодариме на илјадниците индивидуи и бизниси кои беа дел од ова искуство и што е најважно, специјална благодарност за Рајан Сикрест кој веруваше во нас, на E! што ни беше партнер, на нашиот продукциски тим во Bunim/Murray, кои поминаа безброј часови во документирање на нашите животи.

Нашата последна сезона ќе се прикажува следната година во 2021.

Без „Keeping Up with the Kardashians“ јас никогаш немаше да бидам онаму каде што сум денес. Неверојатно сум им благодарна на сите кои ме гледаа и нè поддржуваа мене и моето семејство во изминатите 14 неверојатни години. Ова шоу нè направи она што сме и секогаш ќе им бидеме должни на сите кои изиграа улога во оформувањето на нашите кариери и менувањето на нашиот живот засекогаш.

Со љубов и благодарност,

Ким

Во фокусот на шоуто беше животот на семејството Кардашијан-Џенер, поконкретно на сестрите Ким, Кортни и Клои, како и нивните полусестри Кендал и Кајли. Тоа започна да се прикажува во октомври 2007 година.

Кардашијан Кардашијан Кардашијан Кардашијан Кардашијан Кардашијан
Tags
Кардашијан
Ким Кардашијан

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.