• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ким Кардашијан и официјално побара развод од Кание Вест

19 февруари 2021, 22:45
  • cподели

Ким Кардашијан и Кание Вест и официјално се разведуваат по речиси 7 години брачен живот. Гласините за крајот на нивниот брак се покажаа вистинити и популарната ТВ ѕвезда поднесе документи за развод.

Ким Кардашијан и Кание Вест

Според информациите до кои стигна TMZ, Ким бара заедничко старателство над четирите деца. Бидејќи парот има предбрачен договор, нема да има несогласувања при разделбата од финансиски аспект.

За да помине процедурата што полесно, 40-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ ја ангажирала Лора Васер, позната адвокатка чија специјалност се разводите, а која има застапувано бројни славни личности.

Проблемите во бракот на Ким и Кание станаа очигледни за јавноста кон средината на минатата година, кога 43-годишниот рапер ја започна претседателската кампањата. Во текот на контроверзен говор, тој призна дека размислувале за абортус кога Ким останала бремена за првпат.

„Таа ја донесе Норт на овој свет, иако јас не сакав. Таа истапи и го заштити тоа дете“ – рече тој и раскажа дека неговата мајка го родила него и покрај тоа што неговиот татко сакал да го абортира.

Во неколку наврати, Кание упати навреди кон семејството Кардашијан-Џенер преку Twitter, што сигнализираше дека нивните односи заладуваат. Тие беа фотографирани и за време на емотивна расправија во Вајоминг.

Ким Кардашијан и Кание Вест

Наводно, Ким не сакала веднаш да побара развод, за да не го влоши менталното здравје на Кание, кој има биполарно растројство.

Ким и Кание се родители на четири деца – 7-годишната Норт, 5-годишниот Сент, 3-годишната Чикаго и Псалм, кој наскоро ќе наполни 2 години. Парот се венча во Фиренца во 2014 година.

Ким Кардашијан и Кание Вест Ким Кардашијан и Кание Вест Ким Кардашијан и Кание Вест Ким Кардашијан и Кание Вест Ким Кардашијан и Кание Вест Ким Кардашијан и Кание Вест Ким Кардашијан и Кание Вест Ким Кардашијан и Кание Вест Ким Кардашијан и Кание Вест
Tags
Ким Кардашијан
Кание Вест

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.