Бројни ѕвезди синоќа ја поддржаа галата на Американската фондација за истражување на сидата, организирана со цел собирање на средства за потпомагање на борбата со оваа болест.
На свеченоста, Алесандра Амбросио зачекори во креација од косовската дизајнерка Лена Бериша, Ким и Кортни Кардашијан избраа црни фустани од Версаче, додека Хајди Клум се појави во креација од Паоло Себастијан.
Погледнете како изгледаа гостинките на хуманитарниот настан и оценете го нивниот стил:





































