• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ќерката на Џенифер Лопез си го промени името, го избра машкото име Оскар Муњиз

2 јуни 2026, 11:22
  • cподели

Џенифер Лопез деновиве славеше за еден од најважните моменти во животот на нејзините деца Макс и Еме.

18-годишните близнаци го завршија средното образование и прославија за матурирањето со најблиските. 

Најголемо внимание во јавноста привлече објава поврзана со идните академски планови на матурантите од училиштето, во која ќерката на Џенифер и Марк Антони беше претставена под името Оскар Муњиз. 

Според информациите објавени на профилот, Оскар наскоро ќе ги продолжи студиите на колеџот „Sarah Lawrence“ во Њујорк, каде ќе изучува театар и студиски уметности.

Иако Џенифер Лопез досега не дала официјална изјава за оваа промена, познато е дека таа уште во 2022 година јавно зборуваше за небинарниот идентитет на своето дете и тогаш користеше родово неутрални заменки при нивно заедничко појавување на сцената.

На свеченоста по повод матурирањето присуствуваа и мајката на Џеј Ло, Гвадалупе Родригез, како и Семјуел Афлек, синот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер.

Во неодамнешно телевизиско интервју, Лопез призна дека емотивно го доживува периодот во кој нејзините деца се подготвуваат да заминат на факултет и откри дека со месеци е преплавена со емоции поради новото поглавје кое ги очекува.

Еме и Макс се родени во февруари 2008 година, а нивните родители Џенифер и Марк се разведоа во 2011 година.

Tags
Џенифер Лопез
Марк Антони

Најнови

  • Balea

    Летна нега со мирис на рози - откријте ги Limited Edition производите Blooming Dreams од Balea во dm

    Fri, 07/17/2026 - 22:52
  • „Јас сум богата жена, не постои поголемо богатство од тоа кога се раѓаат внуци“: Првата изјава на Цеца по раѓањето на внучето Илијан

    Fri, 07/17/2026 - 14:57
  • Љубов на планина: Моника Црнокрак со дечкото Виктор Петров уживаат во планинска идила сред лето

    Fri, 07/17/2026 - 14:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.