Една наполни 5 години.
Ќерката на Атанас и Александра Атанасовски вчера го прослави својот јубилеен роденден со другарчињата.
Сопругата на познатиот македонски актер објави две фотографии на Instagram story, на кои слаткото девојче радосно стои пред тортата со мотиви од популарниот филм „KPop Demon Hunters", па удира пињата.
„Среќен роденден на Једина" – напиша таа.
Една доби и многу честитки од најблиските роднини и пријатели, меѓу кои беше и онаа на Катарина Ивановска.
Парот го има и синот Павле.