• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

Ќе ве наежи: Македонецот Васил Ангелов моќно ја отпеа „Море сокол пие“ и победи на натпревар во Киргистан

7 септември 2026, 12:44
  • cподели

Васил Ангелов испиша уште една убава страница за македонската музика, освојувајќи го првото место на меѓународниот фестивал „Echo of Nomads“ во Киргистан.

На големата сцена во Чолпон-Ата, на којашто настапија претставници од различни земји од светот, македонскиот музички талент ја претставуваше нашата земја и успеа да стигне до самиот врв. За освоеното прво место доби и парична награда од 6.000 долари.

По големиот успех, Васил сподели дека паричната награда е значајна, но дека вистинската вредност на победата за него е можноста да застане на голема светска сцена под македонското знаме и да придонесе македонскиот глас да се слушне далеку од границите на земјата.

ПРВОТО МЕСТО ОДИ ВО МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰🥇

Со огромна чест ја претставував Македонија на овој престижен фестивал во Киргистан - сериозна организација, светска сцена и 20 одлични претставници од цел свет. Конкуренцијата беше навистина голема. 🔝

Првото место и наградата од 6.000$ се огромна чест, но најголемата награда за мене е нешто што не може да се измери со пари, честа да ја претставувам Македонија. 🇲🇰

Да застанам на сцена под македонското знаме, да ја претставувам својата земја и да се вратам дома со победа е чувство кое ќе го паметам засекогаш.

Најмногу ме радува тоа што по победата ми пријдоа луѓе од целиот свет, ми честитаа и сакаа да дознаат повеќе за Македонија! 🇲🇰❤️🙏

И покрај резултатот, за мене сите 20 претставници сме победници - секој со својата музика, глас и приказна. 🎖️

Благодарам од срце на сите кои ме поддржувавте, гласавте, споделувавте и бевте со мене во текот на целиот фестивал. 🙏

Ова е само почеток. ❤️ – напиша Ангелов.

Тој сподели и видео од изведбата на „Море сокол пие“:

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vasil Angelov (@vasillangelov)

Фестивалот се одржуваше од 1 до 4 септември во рамките на културната програма на VI Светски номадски игри, а музичарите имаа можност преку своите настапи да ги претстават музиката и културното наследство на земјите од кои потекнуваат. 

Tags
Васил Ангелов

Најнови

  • Ќе ве наежи: Македонецот Васил Ангелов моќно ја отпеа „Море сокол пие“ и победи на натпревар во Киргистан

    Mon, 09/07/2026 - 12:44
  • Антониа Гиговска со нов имиџ со портокалова коса во Скопје, се гушкаше и бакнуваше со синчето

    Mon, 09/07/2026 - 12:12
  • „Оди бос. Помини под прскалките во паркот. Смеј се“: Видео со важна животна лекција кое ќе ве замисли

    Mon, 09/07/2026 - 11:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.