• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

КЦ Магаза во Битола ги отвори вратите за програмата На Кино па Олабај со Манаки ОФФ

23 септември 2023, 10:54
  • cподели

Манаки офф и оваа година е програма која ја надополнува фестивалската програма на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и ја поврзува локалната заедница, уметниците, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата обезбедувајќи интерсекторска соработка и интердисциплинарна програма.

Годинава, КЦ Магаза се претвора во основна точка за комуникација помеѓу битолчани и фестивалот.

Вратите на КЦ Магаза се отворени. Започнавме со тридневни работилници „Наследниците на Манаки“ за филмска писменост и креативна едукација од областа на филмот и аудио-визуелното наследство, инспирирани и посветени на делата на браќата Манаки. Работилниците ги води режисерката Марија Џицева. Синоќа поразговаравме со писателката Румена Бужаровска за наративните нишки во уметноста и филмот, начинот на кој тие се испреплетени или пресекуваат и визуелниот јазик на раскажувањето, осврнувајќи се на раскази од нејзините збирки „Никаде не одам“, „Мојот маж“ и „Осмица“.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Филмската магија за време на отворањето на фестивалот Браќа Манаки годинава нема да се случува само на црвениот тепих. Вечерва, битолчани ќе можат да уживаат во Филмското кабаре кое ќе се реализира на Широк сокак, кај кафе бар Пајтон, со почеток во 19.00 часот.

Следуваат голем број на промоции, стендап, работилници, неколку изложби, проекции, друштвени игри итн.

Во КЦ Магаза ќе биде опремен слушачки агол со Теохаров аудио системи каде ќе се реализираат аудио презентации на музика за филм, работилници, премиерни аудио презентации под знамето на TIME.SOUND.VISION, во соработка со Божиновски часовници и накит, Теохаров, Аудиокултура. Просторот ќе биде оплемент со мебелот на нашите партнери Венеција Мебел.

Програмата ја реализираме под мотото „На Кино па Олабај“ во рамките на проектот „Олабај“ чија цел е надополнување на фестивалските програми на дел од меѓународните фестивали во Битола и е поддржан од Министерство за култура на РСМ.

На овој начин како град, како заедница, ставаме траен печат на историјата која ја испишува фестивалот Браќа Манаки, во иста мера како што тој остава во историјата на Битола.

Браќа Манаки Браќа Манаки

Иницијатор и еден од поддржувачите на овие случувања во офф програмите, неколку години наназад е Божиновски часовници и накит, кој што е долгогодишен поддржувач на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Програмата на Manaki off може да ја погледнете на линкот: https://manaki.com.mk/mk/manaki-off/.

Tags
Браќа Манаки
Браќа Манаки 2023

Најнови

  • Ужас: Мажите во Авганистан легално можат да ги тепаат своите жени, забранети се само скршеници и отворени рани

    Tue, 02/24/2026 - 12:44
  • Среќен крај на приказната со осаменото мајмунче Панч кое се утешуваше со плишена играчка

    Tue, 02/24/2026 - 10:43
  • Море, љубов, подароци... Елена Најдоски од „Живот со стил“ го прослави роденденот во Солун покрај сопругот Бојан

    Tue, 02/24/2026 - 09:47
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.