Каролина Гочева со огромна болка и тага се збогуваше од македонската музичка легенда Владо Јаневски.
Откако беше обелоденето дека 65-годишниот пејач починал по кратко боледување, Гочева се огласи со емотивно збогување со песната „Не заборавај да се сетиш на мене“:
Владе мој,
Збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да заборавам… 🖤
Kако врвен кантавтор, Јаневски поседуваше ретка дарба да ги преточи најдлабоките човечки емоции, љубовни копнежи и меланхолии во безвременски стихови и рефрени кои ги пеат многу генерации со ист жар.