• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Канадската писателка Ен Карсон е добитничка на Нобеловата награда за литература за 2026 година

8 октомври 2026, 13:51
  • cподели

Канадската писателка и поетеса Ен Карсон е годинашната добитничка на престижната Нобелова награда за литература.

Ен Карсон

Одлуката беше соопштена денес од Шведската академија во Стокхолм, која го препозна нејзиниот исклучителен придонес во современата книжевност.

Според образложението на Академијата, наградата ѝ се доделува за „нејзиното смело и инвентивно творештво кое, низ разигран дијалог со класичната традиција, создаде нови форми за современата литература“.

Ен Карсон е позната по својот неконвенционален книжевен израз, во кој се испреплетуваат поезијата, прозата, есеистиката и античката митологија. Нејзините дела ги поместуваат границите на традиционалните жанрови, а љубовта, загубата, желбата и човечките односи се меѓу темите кои често ги истражува.

Ен Карсон

Умешноста да спојува различни идеи, книжевни жанрови и форми е една од најпрепознатливите карактеристики на нејзиното творештво. Во текот на целата кариера, Карсон ја комбинира академската работа како класичен филолог со својата страст за пишување.

„Речиси целото нејзино книжевно творештво се развива на пресекот меѓу опседнатоста на филологот со зборовите и желбата на поетот да создава нови значења“ - истакна Андерс Олсон, претседател на Нобеловиот комитет за литература.

Особено значајно место во нејзината кариера зазема „Autobiography of Red: A Novel in Verse“ (1998), роман во стихови кој ѝ донесе широка меѓународна препознатливост. Во ова необично дело, Карсон ја преосмислува старогрчката митологија, инспирирајќи се од поетот Стесихор и неговата приказна за Герион.

Минатата година Нобеловата награда за литература му припадна на унгарскиот писател Ласло Краснахоркаи, кого Шведската академија го награди за неговото моќно и визионерско творештво кое ја потврдува силата на уметноста среде апокалиптичен ужас.

Нобеловата награда за литература првпат била доделена во 1901 година, а првата жена која го добила престижното признание била шведската писателка Селма Лагерлеф во 1909 година.

Најмладиот добитник во историјата е Радјард Киплинг, кој имал 41 година кога бил награден во 1907 година, додека највозрасна е Дорис Лесинг, која ја добила наградата во 2007 година, на 87-годишна возраст.

Годинашната Нобелова награда носи и паричен износ од 12 милиони шведски круни.

Tags
Ен Карсон
Нобелова награда за литература

Најнови

  • „Гордост“: Постарата ќерка на Дарко и Маја Панчеви дипломираше, пејачката пресреќна

    Thu, 10/08/2026 - 14:54
  • „Сестра ми беше тепана од свои врсници, не можам да молчам“: Кате од Прилеп со силен апел до родителите

    Thu, 10/08/2026 - 14:21
  • KIABI

    KIABI пристигна во Скопје: француска мода за целото семејство сега достапна и за македонските купувачи

    Thu, 10/08/2026 - 14:11
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.