• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Кампањи за подигање на свеста за насилството врз жените кои нема да ве остават рамнодушни

25 ноември 2014, 14:40
  • cподели

Една од целите на Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените е да ги разгори дискусиите за семејното насилство и да ја подигне свеста за тивките страдања на бројни припаднички на понежниот пол.

Во тој контекст издвојуваме моќни кампањи од целиот свет кои нема да ве остават рамнодушни.

Циклус на насилство

„Ако се случи еднаш, може да се случи повторно. Запри го циклусот пред да започне.“

Кампањи за насилството врз жените

Се случува кога никој не гледа

Интерактивна реклама на автобуска постојка во Берлин. Камера го следеше погледот на патниците. Кога тие гледаа во постерот, се појавуваше среќен пар, а кога ќе го насочеа погледот на друго место, излегуваше насилна фотографија од семејно насилство.

Кампањи за насилството врз жените

„Паднав по скали“

Голем дел од жените жртви на семејно насилство, кои се премногу исплашени за да го пријават, го користат изговорот „Паднав по скалите“ за да ја прикријат вистинската причина зад модринките и раните.

Насилството ретко престанува

„Една фотографија дневно во најлошата година од мојот живот“

Видеото „Jedna fotografija dnevno u najgoroj godini života“ го прикажува животот на млада девојка преку 365 фотографии на кои бавно се претвора од весела личност полна со живот, во тажна жртва на семејно насилство. Без оглед на тоа што повредите на девојката во видеото се направени со шминка, снимката истакнува голем проблем и испраќа моќна порака.

Насилството не е секогаш физичко

Повредите на жртвите на постерите отсликуваат звучни бранови. Порака: „Зборовите болат. Не можете да ги видите, но лузните од вербалното насилство се вистински и можат да траат со години. Не страдајте во тишина.“

Кампањи за насилството врз жените

Тој=чудовиште

„Мајка ти глуми дека ништо не се случило. Прави вечера и седнува на маса, зјапајќи во својата чинија. Тој пијан се сопнува, застанува зад неа и ѝ вели: Извини. Ми простуваш? Таа долго време седи тивка. Ти можеш да видиш дека модринката над нејзиното око станува пурпурна. Ти можеш да почувствуваш дека нејзината тага ја исполнува собата. Таа кимнува со главата без да се погледне нагоре. Тој изнудува бакнеж од неа и се насмевнува како да ти вели дека сè е во ред. Ти зјапаш во чинијата. НИТУ ЕДНО ДЕТЕ НЕ ТРЕБА ДА ЖИВЕЕ СО ЧУДОВИШТЕ.“

Кампањи за насилството врз жените

Вербално насилство

Кампањи за насилството врз жените

Домашното насилство е сè уште модерно

Кампања на Меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести Интернешнл“.

Кампањи за насилството врз жените

„Кога престана да те третира како принцеза?“

„Кога престана да те третира како принцеза? Никогаш не е предоцна да ставиш крај на тоа“ – се вели на постерите на артистот Сент Хоакс.

На вознемирувачките фотографии од серијата „Happy Never After“, принцезите на Дизни се претставени со модринки и раскрвавени рани на лицето. Идејата на кампањата е да се подигне свеста за семејното насилство и да се охрабрат жртвите да ги пријават насилниците.

Кампањи за насилството врз жените

Ако премолчите, вие сте учесник

Идејата е да се поттикнат луѓето кои се сведоци на семејно насилство да го пријават.

Кампањи за насилството врз жените

Семејното насилство не е секогаш видливо

Кампањи за насилството врз жените
Tags
семејно насилство

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.