„Како можете да носите нешто кога знаете дека е од невино убиено дете?“: Мајката на загинатата Ивона во пожарот во „Пулс“ ги бара нејзините предмети
Стојка Иванова-Антова со трогателни зборови бара враќање на личните предмети на нејзината ќерка Ивона, која го загуби животот во пожарот во Кочани.
„Како можете да носите нешто кога знаете дека е од невино убиено дете?“ – праша скршената мајка на почетокот на постапката за идентификација и враќање на личните предмети по трагедијата во „Пулс“.
Стојка потсетува дека зад секој предмет стои еден живот, како и дека „тие се спомени од еден млад живот што згасна прерано“.
Нејзиниот апел го пренесуваме во целост:
АПЕЛ ДО СИТЕ ШТО БИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈАТА ПОСЛЕ ТРАГЕДИЈАТА
Ве молам, ако некој несакајќи или по грешка земал работи што не му припаѓаат, да ги врати кај вистинскиот сопственик – кај мојата убиена ќерка.
Како можете да носите нешто кога знаете дека е од невино убиено дете?
Се бара да се вратат:
- кожено долго палто – мантил
- нараквица од Tiffany & Co.
- сребрена нараквица дебела исти како на сликите
- обетки од Swarovski
- прстени
- очила од Emporio Armani
- зелен IQOS
Шминките не се важни.
Но, ова се нејзини лични работи и треба да се вратат таму каде што припаѓаат.
Знаете каде треба да ги вратите.Не барам ништо туѓо.
Барам само она што беше на моето дете.
Вратете ги со мирна совест,
зашто тоа се спомени од еден млад живот што згасна прерано.Една мајка ве моли. 🖤
Од денес до 6 март 2026 година, во просториите на ОВР Кочани ќе се врши идентификација и враќање на предметите пронајдени на местото на настанот по пожарот што се случи на 16 март 2025 година и однесе 63 млади животи.