Како холивудска дива: Теа Таировиќ во црвена креација покрај сопругот на Сараевскиот филмски фестивал
Теа Таировиќ блесна на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал.
На црвениот тепих, 30-годишната српска пејачка пристигна во друштво на сопругот Иван Вардај и привлече големо внимание со гламурозниот изглед.
Теа избра раскошна црвена креација од дизајнерката Наташа Пејовиќ, која совршено ѝ ја истакна фигурата. Својот изглед, Таировиќ го надополни со елегантни обетки и високи потпетици.
Парот присуствуваше на проекцијата на филмот „Queen at Sea“.
Теа и Иван се заедно од крајот на 2020 година, а се венчаа во април минатата година во близина на Нови Сад.