• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Како до ефикасна нега на кожата според нејзините индивидуални потреби?

12 мај 2020, 12:56
  • cподели

Последните 2 децении доста често се менува пристапот за нега на кожата во однос на активните состојки во производите за нега и возраста од која се препорачува нивната употреба. За разлика од овој пристап за нега на кожата, постои уште еден којшто го применуваат дерматовенеролозите. Тие секогаш ја гледаат моменталната состојба на кожата и од нејзината фактичка состојба одлучуваат какви се нејзините потреби за нега. На кратко ќе ви го пренесам дерматовенеролошкиот пристап за избор на нега на кожата.

Eucerin

ХИДРАТАЦИЈА

На младата кожа која има моќ целосно да се регенерира, во основа ѝ е потребна само интензивна хидратација. Во зависност од типот на кожата, кремот за нега потребно е да биде хидратантен за комбинирана кожа, со кремаста текстура за нормален тип на кожа и малку помасен, за да овозможи и хидратација и замастување ако се работи за сува кожа. Интензивната хидратација на младата кожа се постигнува со производите од линијата AQUAporin ACTIVE, благодарение на активната состојка глуко-глицерол. Тоа е состојка која има моќ да ги активира аквапоринските канали во кожата, коишто овозможуваат идеален проток на вода и со тоа интензивна хидратација на кожата и во нејзина длабочина.

ВИТАМИНСКА ПОТКРЕПА И НЕГА ПРОТИВ ПРВИТЕ ФИНИ ЛИНИИ

Во период кога на кожата ѝ е потребна мала поткрепа или кога на кожата почнуваат да се забележуваат првите фини линии, пристапуваме со витаминска нега. Коензимот Q10 е состојка која ги надополнува енергетските резерви на клетките и им дава сила да ја интензивираат нивната функција. Кога сме преморени, кога сме болни, тоа се витамини и останати суплементи коишто ги примаме преку уста, за кожата тоа се кремите со Q10, со витамин Ц, Е и Х, пантенол и сл. Еуцерин, ваквата нега на кожата ја овозможува со производите од Q10 линијата, како и со производите со витамин Ц, коишто го враќаат свежиот изглед и здравиот сјај на кожата.

НЕГА ЗА КОЖА СО ВИДЛИВИ БРЧКИ

Кога брчките ќе станат позабележливи, започнуваме со посериозен пристап во борбата со нив. Една од најефикасните активни состојки во борбата со брчките на кожата е хијалуронската киселина. Тоа е состојка која има огромна моќ да врзува вода, а зависно од големината на молекулата, таа навлегува различно длабоко во кожата. Големите молекули остануваат и делуваат на површината на кожата, а колку е помала молекулата, толку подлабоко навлегува во кожата, до местото каде што се формираат брчките. Благодарение на претходно наведеното, хијалуронската киселина којашто е природна состојка за кожата, овозможува безбеден и ефикасен пристап во борбата со брчките. Еуцерин предлага линија производи со хијалуронска киселина, познати како Hyaluron-Filler производи. Палетата Eucerin Hyaluron-Filler опфаќа производи за дневна и ноќна нега според типот на кожа, серуми со повеќе ефекти за кожата, ЦЦ креми со нијансирачки ефект, наменети да се задоволат индивидуалните потреби на секој корисник.

Eucerin

НАМАЛЕН ТОНУС И ПРОМЕНА НА КОНТУРИТЕ НА ЛИЦЕТО

Со текот на годините покрај појава на брчки на кожата, започнува да се намалува и тонусот (цврстината) на кожата, како последица кожата постепено се опушта, што води до промена на лицевите контури. За оваа состојба потребно е истовремено да делуваме и на брчките и на подобрување на тонусот на кожата. Третманот само со хијалуронска киселина веќе не е доволен, за нега на кожата се вклучуваат и активни состојки коишто го забрзуваат обновувањето на колагените и еластичните влакна во кожата, а со тоа помагаат да се врати тонусот и еластичноста на кожата, како и лицевите контури. Производите под името Hyaluron-Filler + Volume lift на Еуцерин освен хијалуронската киселина содржат и олигопептиди, магнолол и пантенол - активни состојки кои овозможуваат ефикасна нега на кожата и враќање на нејзиниот тонус и контури.

ЗАГУБЕН СЈАЈ, ИСТЕНЧЕНА КОЖА, БЛЕД ТЕН

Обично кај повозрасните особи кожата е посува, го губи својот природен сјај, има намалена еластичност и станува побледа како последица на намалена циркулација во неа. Заради прилично намалената елестичност брчките се продлабочуваат и кожата изгледа постара. Во оваа состојба кожата бара посебна нега која ќе помага за враќање на нејзиниот природен сјај, ќе ја стимулира регенерацијата на колагените и еластични влакна, ќе делува на намалување на брчките.

Еуцерин за нега на кожа во ваква состојба ги предлага производите од линијата Hyaluron-Filler + Elasticity. Производите содржат хијалуронска киселина за намалување на брчките, силимарин и арктиин коишто ја подобруваат регенерацијата на колагенот и еластинот и ја подобруваат микроциркулацијата во кожата за да се врати нејзиниот убав, здрав сјај, арганово масло кое е богато со потхранувачки липиди и витамин Е кој го намалува оксидативниот стрес и ги помага заштитните функции на кожата.

Eucerin

ЗАШТИТА ОД ПРЕДВРЕМЕНО ФОТОСТАРЕЕЊЕ

Научниците го потврдија влијанието на УВ-те зраци на стареењето на кожата. Од тука произлезе препораката кремите наменети за секојдневна нега на возрасна кожа да содржат заштитен фактор од сонце кој во текот на годината ќе биде 15, во текот на сончевиот период 15-30. При најголемата изложеност на сонце и особено за време на летните одмори се препорачува кремите за нега да имаат СПФ 50/50+, како и активни состојки за биолошка заштита, коишто ќе ѝ помогнат на кожата побрзо и подобро да се справи со повредите и оштетувањата на клетките предизвикани од дејството на слободните радикали. Затоа дневните креми за подмладувачка нега на кожата од Еуцерин имаат СПФ 15, некои од нив СПФ 30, Eucerin произведува и SUN линија на производи со СПФ 50/50+ што овозможува нега на различните типови на кожа. Некои од производите со СПФ се и специјално направени за третман на одредени проблеми, како на пример хиперпигментација, масна кожа склона кон акни, чувствителна и атопична кожа и др.

Мојата порака е следнава: Инвестирајте континуирано во вашата кожа, таа ќе ви возврати со здрав и убав изглед - тоа е првото нешто што луѓето го забележуваат кај вас.

Автор: Д-р Соња Петрушеска, дерматовенеролог

Tags
Eucerin
Еуцерин

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.