• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Како да ги отстраните пигментните дамки на лицето?

29 август 2018, 09:06
  • cподели

Истражувањата покажуваат дека една од три жени над 40 години страда од хиперпигментација, а се почесто од вакви нарушувања страдаат и помладите жени. Одредени хормонални влијанија, повреди, генетски фактори, болести и стареењето, доведуваат до појава на хиперпигментација или темни дамки.

Хиперпигментациите се потемни делови на кожата, коишто може да бидат со различна форма и интензитет. Познати се различни видови хиперпигментации – пеги, мелазма, старечки дамки, хиперпигментации после акни и други воспалителни процеси во кожата.

Eucerin

Нормалната боја на кожата се должи на пигментот кој го создаваат меланоцитите, а чија активност е поттикната од сончевите зраци. Хиперпигментациите настануваат при зголемена активност на меланоцитите како резултат на претерано изложување на сонце, хормонски промени, воспалителни процеси и кожни трауми, некои лекови, при стареење на кожата. Бојата на пигментациите и резултатите од третманите се поврзани со длабочината на кожата каде се исталожува пигментот. Постојат бројни дерматолошки процедури за избелување на хиперпигментациите. По завршување на соодветниот третман, следува нега на кожата со производи кои ја стабилизираат синтезата на меланин и обезбедуваат соодветна заштита од сонце. Соодветна фотопротекција е потребна во целиот сончев период во годината, односно од рана пролет до доцна есен.

Eucerin®EVEN BRIGHTER е првата специјализирана линија на медицински производи, коишто го помагаат отстранувањето на пигментните промени на кожата со истовремен регенеративен, протективен и подмладувачки ефект. Активната состојка Б-резорцинол ја стабилизира прекумерната синтеза на меланин и долготрајно ги намалува пигментните дамки, со што се постигнува порамномерен и сјаен тен. Глициретинската киселина во производите ја помага регенерацијата на клетките оштетени од дејството на УВ зраците и ја заштитува кожата од предвремено стареење. Линијата предлага дневен крем во кој има и заштитен фактор од сонце (SPF30), со што кожата е дополнително заштитена од хиперпигментации. Ноќниот крем ја подобрува регенерацијата на кожата во текот на ноќта, а серум-концентратот го засилува ефектот на дневниот и ноќниот крем. Линијата е дополнета со коректор за интензивен локален третман на поединечни пигментни промени на кожата.

Eucerin

Комерцијален текст

Tags
Eucerin

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.