• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Kако бебе преживеа пожар со страшни изгореници, сега е прогласен за Крал на матурската прослава

25 ноември 2025, 13:45
  • cподели

Некои луѓе со причина се нарекуваат „инспирација“ и секојдневно докажуваат дека „чудата се реални и дека убавината се крие подлабоко од кожата“.

Дилан Милс не дозволи страшните изгореници на неговото тело да го спречат да ужива во животот, да се занимава со омилените спортови и да стане Крал на матурската прослава.

Годинава, Дилан застана под рефлекторите на стадионот во Кливленд, Тексас, заедно со убавата Ашлин, која ја доби титулата „Кралица“, а со која се пријатели од мали нозе.

Дилан Милс Дилан Милс Дилан Милс

Сепак, животната приказна на Дилан е далеку од „кралска“ бајка.

Кога имаше само 17 месеци, Дилан беше на работ на смртта. За време на пожар кој уништи дел од неговиот дом, пламените јазици го зафатија неговото мало тело и му предизвикаа изгореници на околу 84% од кожата.

И неговите родители настрадаа додека се обидуваа да го спасат. Татко му претрпе сериозни изгореници во обид да го извлече од пламенот, но мајка му беше таа која влета во пламенот и го спаси.

По пожарот, следеле многу години на операции, донација на кожа и рехабилитација. И покрај тоа, Дилан не дозволи неговата трагедија да го дефинира и избра да биде поголем од неа. Денес е момче кое тренира кошарка и бејзбол, го живее животот со насмевка и служи како инспирација за сите кои го познаваат.

Дилан Милс Дилан Милс Дилан Милс

Приказната на Дилан ја објави новинарот Рајан Волф во пост кој стана вирален хит:

Како бебе, Дилан Милс преживеал пожар што оставил изгореници на 84% од неговото мало тело. Шеснаесет години подоцна, под светлата на стадионот во Кливленд, Тексас, тие лузни блескаа заедно со неговата светкава јакна додека беше крунисан за Крал на матурската прослава.

Во 2009 година, Дилан имал само 17 месеци кога пламените јазици го проголтале домот на неговото семејство.

Татко му добил тешки изгореници обидувајќи се да го спаси, додека мајка му го извлекла на сигурно.

Денес, тој игра бејзбол и кошарка, го пречекува животот со насмевка и ја инспирира целата своја заедница со својата истрајност.

Помогнете да им честитаме на Кралот и Кралицата на Матурската вечер на училиштата во Таркингтон ISD — Дилан Милс и Ашлин Примо!

Жив потсетник дека чудата се вистински и дека убавината се крие подлабоко од кожата.

Дилан Милс Дилан Милс Дилан Милс Дилан Милс Дилан Милс

Најнови

  • Дилан Милс

    Kако бебе преживеа пожар со страшни изгореници, сега е прогласен за Крал на матурската прослава

    Tue, 11/25/2025 - 13:45
  • Отворен ден во Бимилк

    Бимилк со отворени врати за граѓаните по повод Светскиот ден на квалитет

    Tue, 11/25/2025 - 10:59
  • „Ковчег со злато“ – спотот за новата песна на Дарио Панковски со која го најавува новиот албум

    Tue, 11/25/2025 - 10:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.